Ердоган се заложи за јакнење на односите со Германија

Макфакс

23/09/2018

17:17

1.297

Големина на фонт

а а а

„Приоритет во агендата на мојата посета на Германија ќе биде целосно напуштање на„Приоритет во агендата на мојата посета на Германија ќе биде целосно напуштање на нашите политички односи од изминатите години“, изјави Ердоган, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Турскиот претседател истакна дека посетата е чекор кон зајакнување на економските односи за взаемна корист.

Ердоган планира да ја посети Германија меѓу 27 и 29 септември, а претходно ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, која започнува на 24. септември.

Односите меѓу Германија и Турција се влошија по обидот за државен удар во Турција во 2016 година, по што беа уапсени десетици илјади луѓе, вклучително и некои германски државјани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг