Фото: Животот на елитата во една од најбогатите земји во светот е вистинска перверзија

Супермен

24/09/2018

21:43

10.371

Големина на фонт

а а а

Монако можеби е втората најмала земја на светот, но во се' останато, таа е далеку од најмала. Една од најбогатите земји во светот е вистински магнет за елитата, а работите кои таму можат да се видат се граничат со фантазија.

Секој 56-ти жител на оваа држава поседува повеќе од 30 милиони долари, а цените на недвижнините се движат околу 9 илјади долари по квадратен метар, пренесува "Business Insider". Кога на тоа ќе ја додадете и одличната локација на француската ривиера, не не' чуди што милионерите со своите јахти го поминуваат своето слободно време токму таму. 

Во Монако, од 26-ти до 29-ти септември се одржува "Monaco Yacht Show", најголемиот настан за јахти на светот, а еве како изгледа тој.

Кога не се на своите раскошни јахти, богаташите отседнуваат во хотелот "Metropole" во кој преноќувањето изнесува и до 41 илјада долари.

Уште едно популарно место е хотелот "Hermitage".

Внатрешноста на хотелот потсетува на кралска палата.

А погледот од него изгледа вака.

Од јахтите до хотелот, богаташите се возат со Ролс-Ројс.

Низ градот шетаат во Ферари.

Не е реткост да забележите и хеликоптери.

Доколку се прашувате какви јахти се прикажуваат на шоуто, еве мал увид.


Иако на "Monaco Yacht Show" не постои официјален дрес код, организаторите "имаат право да ја исфрлат личноста чие однесување или облека не се во склад со сликата која ја оддава настанот".


Ноќе се одржуваат забави на јахтите.


Популарни се и ноќните клубови.


Како и светски познатите казина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk