Ова е "ѕверот" на Трамп: Лимузината е опремена со бројни заштитни системи, а една карактеристика ја прави посебна

Супермен

25/09/2018

09:01

4.106

Големина на фонт

а а а

Пред неколку месеци имавме прилика да видиме како изгледа новата лимузина во која ќе се вози Владимир Путин, а сега нова "машина" има и Доналд Трамп.

Во неделата, американскиот претседател пристигна во Њујорк каде на улиците на Менхетен за прв пат е видена неговата нова "ѕверка" - Кадилак базиран на моделот CT6.

Љубителите на државните лимузини не виделе еден, туку два модели на Кадилак бидејќи Тајната служба - обезбедувањето на претседателот на САД, користи два идентични автомобили во караван со цел да се збунат потенцијалните напаѓачи.


Кадилакот на Трамп е опремен со бројни заштитни системи, а се проценува дека тежи 7-9 тони. Тајната служба ги држи деталите за возилото далеку од јавноста, повторно поради безбедноста на претседателот. Се шпекулира дека автомобилот поседува систем против пожар, ноќна камера, лансер за солзавец, запечатена вентилација во кабината и посебен систем за одбрана од ракетен напад.

Во случај на најлошото, лимузината е опремена со залиха на крв со крвната група на претседателот, со цел веднаш да може да му се укаже прва помош.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk