Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?

Супермен

25/09/2018

10:38

5.712

Големина на фонт

а а а

Како што многумина тврдат, во фудбалот во последно време најмалку внимание се обрнува на самиот спорт, а далеку поважни се цените на новите играчи, парите и трансферите.

Вистинските исконски љубители на фудбалот не се воодушевени од промените во фудбалскиот свет бидејќи сметаат дека нивниот омилен спорт ја изгубил својата смисла, додека сопствениците на тимовите ги бројат парите кои ги заработиле од продажбата на некој играч.  

Пример за тоа беше и светското првенство кое се одржа во Русија, по кое јавноста повеќе зборуваше за гафовите и намерните драматични паѓања на бројните играчи отколку за самиот спорт.

Сепак, кога ќе се вратиме на темата "пари", скорашните цифри според списанието "Forbes" откриваат колкаво богатство поседуваат сопствениците на главните клубови на Премиер лигата, а сумите се секако огромни.

15. Винсент Тан - Кардиф Сити

Проценето богатство: 701.634.144 €

Извор на богатство: коцкање, малопродажба и недвижнини


14. Гао Јишенг - Саутхемптон

Проценето богатство: 1.197.911.954 €

Извор на богатство: гардероба


13. Тони Блум - Брајтон

Проценето богатство: 1.337.652.000 €

Извор на богатство: коцкање


12. Фархад Мошири - Евертон

Проценето богатство: 1.454.607.373 €

Извор на богатство: книговодство


11. Џон В. Хенри - Ливерпул

Проценето богатство: 2.224.693.629 €

Извор на богатство: трговија


10. Мајк Ешли - Њукасл Јунајтед

Проценето богатство: 2.909.214.746 €

Извор на богатство: малопродажба


9. Џошуа Харис - Кристал Палас

Проценето богатство: 3.251.475.304 €

Извор на богатство: приватни имоти


8. Семејство Глејзер - Манчестер Јунајтед

Проценето богатство: 4.021.561.561 €

Извор на богатство: недвижнини и спорт


7. Вишаи Шриваданапрабха - Лестер

Проценето богатство: 4.192.691.840 €

Извор на богатство: малопродажба


6. Мансур бин Зајед Ал Нахајан - Манчестер Сити

Проценето богатство: 4.192.691.840 €

Извор на богатство: наследство и нафта


5. Џо Луис - Тотенхем

Проценето богатство: 4.278.256.980 €

Извор на богатство: трговија со валути


4. Гуо Гуангчанг - Вулверхемптон

Проценето богатство: 5.903.994.632 €

Извор на богатство: сопственик на компанијата "Fosun"


3. Шахид Кан - Фулам

Проценето богатство: 6.502.950.609 €

Извор на богатство: автомобилски делови


2. Стен Кренке - Арсенал

Проценето богатство: 7.529.732.284 €

Извор на богатство: спорт и недвижнини


1. Роман Абрамович - Челзи

Проценето богатство: 9.583.295.635 €

Извор на богатство: гас (Газпром) и челик



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk