Саемот за автомобили во Париз е закажан за втори октомври, што значи дека остануваат помалку од седум дена до феноменалниот саем на кој ќе бидат претставени новите модели.
Секако, како и секоја година, BMW е една од најочекуваните компании која најави дека токму на овој саем официјално ќе претстави неколку нови модели.
Првиот и веројатно најочекуван модел е новиот Z4 кој овој пат добива нов дизајн и потполно нова каросерија. Моделот ќе поседува 4.0-литарски мотор кој ќе произведува 360 коњски сили и кој ќе може да развие од 0-100 км/ч. за 4,6 секунди.
Следниот модел кој ќе биде претставен припаѓа на новата серија 8, а станува збор за луксузна лимузина која ќе биде директен конкурент на класата С на Mercedes. M850i ќе содржи моќен мотор кој ќе развива поголема сила од моделот Z4, поточно 523 коњски сили, а брзината од 0 до 100 км/ч. ќе ја постигнува за помалку од 4 секунди.
Покрај новата "осумка", BMW се припрема и да го прикаже новиот M5 модел кој ќе биде спортско купе кое е наменето за возачите кои сакаат брзина и кои имаат спортски дух. M5 ќе пристигне уште помоќен и ќе развива брзина од над 600 коњски сили.
На крајот ќе биде претставено и новото SUV возило, поточно новиот BMW X5 кој ќе донесе свежина во веќе популарниот и познат модел.
BMW сериозно се потрудил оваа година да биде еден од најдобрите автомобилски брендови, а конкурентите како Audi и Mercedes сигурно ќе се подзамислат кога ќе бидат претставени овие возила, иако сме сигурни дека и овие германски компании ги имаат своите "асови во ракав".