"Таа имаше 40, а јас 32 години": Новинар имал редовен секс со мажена уредничка, а потоа нивната љубовна приказна завршила поради...

Супермен

26/09/2018

15:49

6.044

Големина на фонт

а а а

Ова е исповед на новинар, кој анонимно го напишал своето искуство, за претераната блискост со мажената шефица.

"Ми се исполни најголемата сексуална фантазија - да имам секс со мојата шефица. Беше постара од мене, згодна и прилично заљубена во мене. Во првите неколку недели кога дојдов во Чикаго, имав претчувство дека тоа ќе се случи, дека ќе спијам со неа.

Местото на кое што работев, беше полно со здодевни луѓе во средни години, вечно загрижени за своите кредити, деца, пропаднати бракови и мистериозни болки. Многумина од нив имаа афера на работа, за да си најдат убава причина за постоење.


Пред да дојдам во Чикаго, работев во редакција во Њујорк, како новинар. Беше одлично, екипата беше млада и постојано се шегувавме.  

Мојата шефица во Чикаго, исто така имаше лош брак, а повеќе од една деценија беше на висока работна позиција.

Секогаш кога ќе ја видев, се возбудував. Носеше тесни, кратки здолништа и штикли кои се слушаа кога поминуваше низ ходникот. Беше многу слаба, а понекогаш носеше и сакоа и тоа ми беше многу возбудливо. Исто така беше и многу образована и паметна.

Имаше 40, а јас 32 години.

Знаевме да се заклучиме во канцеларија и да им се препуштиме на страстите. Повеќето работни денови завршуваа такашто одевме во мала изнајмена гарсоњера, блиску до работното место.


Се сеќавам на моментот кога двајцата признавме дека сме вљубени еден во друг. Беше тоа во нејзиниот кревет, после забавата. Тогаш бевме во врска три недели. Се сеќавам и дека сопругот ѝ испрати порака да ја праша каде е, па така таа замина дома.

Морам да признаам дека, иако во тој момент бевме сериозни кога си признавме дека се сакаме, мислам дека тоа го кажавме за да го правдаме она што го правиме.

Таа со години беше во брак и имаа голема куќа во елитниот дел на градот. Кога бракот почна да им се распаѓа, ја продадоа куќата. Тој замина да работи во друг град, таа се пресели во стан, но ја посетуваше два пати месечно.


Мојата најголема грешка е тоа што ѝ кажав дека ја сакам, а потоа се обидував да ја сокријам врската со неа. Ја посакував доволно за да можам да завршам во кревет со неа, но премалку за да му кажам на целиот свет дека е моја.  

Верував дека ќе добијам отказ ако се дознаеше дека спијам со шефицата. Не сакав блискост на работа и инсистирав да излегуваме во другиот дел на градот, кадешто нема опасност некој да нѐ види. Ништо не им кажав ниту на пријателите, ниту на роднините, бидејќи не сакав да ме гледаат како неспособен кој има работа само поради сексот со шефицата.

Прв пат раскинавме после деловна вечера во ресторан. Имаше многу колеги од работа. Станав и сакав да си одам, а таа ми рече да останам, прво тивко, па потоа гласно. Потоа излезе со мене и велеше дека никогаш нема да биде доволно добра за мене. Ми замеруваше што ја криев нашата врска. Сите нѐ гледаа.

После тоа се каравме и се смирувавме. Последен пат кога прекинавме, бевме во Њујорк, во мојот стан. Тогаш беше конечно", споделил искуство на социјалните мрежи, анонимниот новинар.  


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk