Еве зошто не смеете да зјапате во паметниот телефон пред спиење

Супермен

02/10/2018

09:49

2.365

Големина на фонт

а а а

Сигурни сме дека вие, како и поголемиот број луѓе, вашите последни будни часови од денот ги поминувате во кревет со вашиот омилен паметен уред.

Паметните телефони станаа толку вклучени во нашиот секојдневен живот што тешко заминуваме без нив во тоалет, па дури и во кревет. Некогаш заспивавме со телевизија, но тоа сега делува како минато бидејќи поголемиот дел од нас потонуваат во сон држејќи го телефонот во раце. 

Сепак, најновите истражувања покажуваат дека паметните телефони всушност лошо влијаат на поспаноста, вашето ментално здравје па дури и врз квалитетот на вашиот сон. Телефоните емитуваат сино светло кое има лошо влијание, особено кога сте изложени на него пред спиењето. Доколку морате да гледате нешто на вашиот телефон пред да заспиете, тоа правете го со светло во собата, а никако во темница бидејќи така ќе го намалите влијанието на синото светло.


Истражувањата кои биле неодамна спроведени вклучувале поголема група испитаници кои поминувале половина час на своите паметни телефони пред спиењето. Тие кои го правеле тоа имале проблеми со несоница, често сонувале кошмари и се буделе поуморни отколку што се, додека лицата кои не користеле паметни телефони пред спиењето биле ослободени од тaквите тегоби.

Исто така, поединци воопшто не можеле да заспијат во текот на ноќта. Докторите тврдат дека за тоа се одговорни паметните уреди односно синото светло кое се емитува преку нивните екрани. Токму поради тоа постојат нови модели кои доаѓаат со опција за елиминирање на синото светло и кои ви пружаат попријатна слика за очите, но ни тогаш не се советува предолго користење на уредот во темница.

Затоа докторите советуваат да го користите телефонот во дневната соба, со вклучено светло, а креветот да го оставите за она за кое е наменет, а тоа е спиењето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk