Хоуп Бил e светски познат фитнес модел по кој воздивнуваат мажите

Супермен

02/10/2018

13:08

8.582

Големина на фонт

а а а

Хоуп Бил е светски познат фитнес модел, бикини натпреварувач и персонален фитнес тренер. Доказ за нејзината популарност е нејзиниот Инстаграм профил на кој ја следат повеќе од 760 илјади следбеници.

Кариерата ја изградила со учество на многу натпревари како што се "Phil Heath Houston" и "Europa Dallas", а нејзини омилени активности се тренинзи со тегови, кикбокс, пилатес и кардио тренинзи со висок интензитет. 

Хоуп ги советува сите вежбачи кои сакаат да се натпреваруваат, да ја сфатат причината зошто го прават тоа.


"Натпреварувањето е многу скапо, така што доколку не знаете зошто го посакувате тоа, би било добро да размислите", изјавила таа.

Поголемиот дел од нејзините провокативни фотографии се дело на нејзиниот сопруг. Во светот на моделингот, Бил влегла релативно доцна, во 2013 година при натпреварот за Мис Бикини.

Благодарение на својот животен стил, таа ја основала компанијата "Top Shelf Nutrition" која продава програми за диета, а исто така го води и фитнес програмот наречен "Hope Beel Fitness".



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk