Илјадници Тесла автомобили собираат прашина ширум Америка, што се случува?

Супермен

05/10/2018

14:44

4.320

Големина на фонт

а а а

Тому кога многумина сметаа дека Тесла се движи според очекуваниот ритам, пристигнуваат нови проблеми. Тесла има бројни фанови, но постојат и оние кои не веруваат во успех на идејата на Маск, како ниту на самата Тесла.

Се поставува прашањето дали навистина пронашле "складиште со муниција" за борбата против Тесла и нејзините исклучителни приврзаници. Таа група се нарекува Shorty Air Force и сега во најнепријатно време пронашле илјадници Тесли паркирани ширум Америка вклучувајќи го Чикаго, Вашингтон, Далас, Лас Вегас и Солт Лејк Сити. 

Според нив овие снимки од возилата се доказ дека извештаите за производството за Тесла и продажбата се лажни, а со самото тоа и ветувањата на Маск како компанија која е на пат до остварување на профит.


The New York Times известува како групата со дронови беше особено активна во јули кога ги лоцирале илјадници Тесли прекриени со прашина. Гласноговорникот на Тесла, Дејв Арнолд објасни дека тоа се логистички центри за транзит на возила.

После тоа Маск во средината на септември призна дека после производството следувал пекол во логистиката на транспорт така што им недостасуваат камиони за превоз на автомобилите.

Аналитичарот Мајк Ремзи смета дека Тесла има навистина голем проблем со транспорт на возилата. Имено, се соочиле со нов проблем, транспорт на автомобилот до купувачот. Некои други аналитичари сметаат дека Тесла произведе премногу копии кои не се толку барани.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk