До 2030 година, Земјата ја очекува драстично глобално загревање

Супермен

09/10/2018

16:50

1.794

Големина на фонт

а а а

Животот кој го живееме ќе мора радикално да се промени со цел да ги спречиме најлошите последици од климатските промени кои се очекуваат до 2030 година, пишува "Sky News".

Автомобилите кои ги возиме и храната која ја јадеме ќе мораме внимателно да ги преиспитаме во контекст на глобалното зголемување на температурите кои во следните 12 години би можеле да пораснат за 1,5 Целзиусови степени. До 2030 година би требало радикално да го промениме нашиот начин на живот пред да се достигнат екстремно високите температури. 


Просечната температура на Земјата веќе порасна за еден Целзиусов степен откако индустриското производство доживеа прогрес. Според сегашните проекции, до 2030 година температурата би требало да порасне за 1,5 степени, а до 2040 година дури за 3 степени.

Пред три години, светските лидери се сретнаа во Париз за да ги разгледаат начините на одржување на глобалните температури на некое оптимално ниво. Меѓутоа, најновиот извештај на климатолозите не е многу оптимистичен. За Земјата да ја одржи оптималната температура, треба драстично да се намали емисијата на јаглерод диоксид за 45 проценти во споредба со нивото во 2010 година. Исто така, треба максимално да се намали употребата на фосилни горива и тоа е голем предизвик.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk