Google ги претстави своите премиум телефони Pixel 3 и Pixel 3 XL

Супермен

10/10/2018

11:18

544

Големина на фонт

а а а

Еден од големите новитети е вештачката интелигенција на која Гугл, како и некои други произведувачи, се поклонија кон тоа кога се во прашање новите телефони.

Судејќи по компанијата, вештачката интелигенција на корисниците ќе им понуди зголемена заштита, персонализирано искуство за користење на Гугл и дигитална добрина, со други зборови, корисниците ќе добијат на располагање алати кои ќе им помогнат подобро да ги контролираат своите уреди, наместо тие да ги контролираат нив. 

Зад дизајнот на новиот телефон стои Ајви Рос, и тој сега е во комплетна усогласеност со новиот имиџ и материјален дизајн од останатите сервиси на Гугл и Андроид софтвер.


И двата телефони имаат поголеми дисплеи од минатиот модел, како и однос на дисплеј кон куќиште. Станува збор за флексибилни OLED панели со дијагонали од 5.5 и 6.3 инчи.

И двата уреди поседуваат Snapdragon 845 процесор, Adreno 630 GPU, 4GB меморија и две опции за капацитет за складирање на податоците - 64 и 128 GB.

Посебен фокус е ставен на камерата, а за тие да достигнат повисоко ниво, Гугл се здружи со познатиот фотограф Ени Либович.


На задната страна, прилично изненадувачки, се наоѓа само еден објектив на камера, иако многубројните произведувачи одамна преминаа на дуал, па дури и системи со 3 сензори, додека на предната се наоѓаат два објективи. Другиот преден објектив е тука за да го прошири просторот кој влегува во фотографијата и можеме да го наречеме широкоаголен.

По прв пат, Pixel ќе го поддржи бежичното полнење, а Гугл ја претстави и сопствената сталажа за полнење - Pixel Stand како опција за можност.

Google Pixel 3 и Pixel 3XL моделите во продажба ќе се најдат од 1 ноември.

Цената на моделот Pixel 3 започнува од 799 долари за верзијата 64GB меморија, додека цената за 3XL започнува од 899 долари за основниот модел. Доколку сакате верзија со 128GB простор за складирање на податоци, мора да додаете уште 100 долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk