Sony конечно започна да работи на нова конзола

Супермен

10/10/2018

14:35

1.558

Големина на фонт

а а а

Компанијата Sony официјално започна да работи на PS5 конзолата која сака да ја претстави како следна генерација на гејминг конзолите. Бидејќи PS4 конзолата беше претставена пред пет години, беше крајно време Sony да започне да работи и на петтата генерација.

Обожавателите се воодушевени бидејќи тоа значи дека наскоро нe' очекува уште подобра графика и уште подобри игри во кои долго ќе уживаме. 


"Моментално сме во почетната фаза, но можам да ви кажам дека ја спремаме конзолата на следната генерација", изјавил директорот на компанијата Кенширо Јошида. Ова е официјална потврда дека светот наскоро ќе добие PS5 и навистина не можеме да го дочекаме денот кога ќе можеме да ги играме игрите на новата генерација.


За жал, засега немаме повеќе детали за конзолата, а најлошо од се' што Sony не сака да го открие приближниот датум на излегување. Сепак многумина сметаат дека PS5 нема да се појави на пазарот пред 2020 година, особено кога ќе се земе предвид популарноста на претходната конзола - PS4 конзолата која моментално има и игри кои неодамна излегоа и ги соборија сите рекорди како што се Spiderman и God of War.

Во секој случај, ова се исклучително добри вести за сите гејминг обожаватели бидејќи тоа значи дека во рок од две години ќе добиеме нова конзола, но и нови игри кои ќе бидат понапредни и подобри во секоја смисла на зборот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk