Како третиот најбогат човек на светот ги троши своите пари

Супермен

12/10/2018

10:51

3.730

Големина на фонт

а а а

Ворен Бафет, чие богатство се проценува на 88,3 милијарди долари е третиот најбогат човек на светот. Тој започна да го гради своето богатство инвестирајќи во берзата на само 11 години, а моментално е директор на компанијата Berkshire Hathaway. Сепак, ако го набљудуваме начинот на кој тој ги троши своите пари, никогаш не би можеле да претпоставиме дека тој е милионер.

Во едно интервју тој истакна дека немал желба да поседува повеќе куќи, скапи работи и повеќе автомобили. Всушност, Бафет живее во многу скромен дом во Омаха, Небраска, кој го купил за 31.5000 долари во 1958 година. 

Тој исто така ужива додека игра голф, но не сака да ги троши парите на некои ексклузивни и луксузни клубови:

"Јас сум член на секој голф клуб каде сакам да бидам член, подобро ќе играм голф со луѓе кои ми се допаѓаат, отколку да играм на најскапиот терен на светот".


Сепак, тој не би бил тоа што е да не беа неговите мудри стратегии за инвестирање. Мора да имате пари за да заработите пари, како што вели Бафет. На пример, 99 % од неговото богатство е поврзано со Berkshire Hathaway компанијата, додека преостанатите 1 % ги користи за своите слободни инвестиции.

Најголемиот дел од своите милијарди, Бафет ги троши на филантропија и се смета дека е еден од највеликодушните луѓе на светот, бидејќи донирал повеќе од 46 милијарди долари до 2000 година. Тој во 2010 година се здружи со Бил и Мелинда Гејтс за заедно да ја основаат The Giving Pledge, иницијативата која од најбогатите луѓе на светот бара поголемиот дел од своето богатство да го остават за филантропските организации.


Оваа година, тој донираше пари за фондацијата на Бил и Мелинда, околу 2,6 милијарди долари. Истата недела, тој донираше околу 800 милиони долари за фондацијата Сузан Томпсон Бафет.

Како тој што вели, неговиот живот не би можел да биде подобар и посреќен.

"Всушност, мојот живот би бил полош доколку имам шест или осум куќи. Имам сè што ми е потребно и повеќе од тоа не ми треба, бидејќи разлика во тоа и не постои".



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk