Renault го претстави својот нов концепт на луксузен автомобил

Супермен

12/10/2018

11:27

1.964

Големина на фонт

а а а

Француската компанија Renault го претстави својот нов концепт на автономен автомобил, наречен EZ ULTIMO, проширувајќи го своето електрично EZ семејство на возила.

Renault осмисли нов концепт на автомобили како вистинска мобилна ложа и луксузен сервис превоз за сите, кој може да се изнајми за еден час или цел ден. Официјално претставен на овогодинешниот саем за автомобили во Париз, роботскиот EV концепт нуди премиум искуство, "облечен" во племенити материјали како дрво, мермер и кожа. 


Седиштата налик фотелји се свртени кон задниот дел на автомобилот, додека седиштето во форма на клупа е свртено во спротивниот правец. Кровот на овој модел има стаклени панели креирани од сегменти со страници креирани во форма на решетка и затемнети прозорци.


Опремен со автономна возачка технологија од четврто ниво, EZ ULTIMO може да се користи за повеќе цели. Автономните возачки камери, радар и LIDAR камери и сензори се вградени во аглите на овој модел. Автомобилот е поврзан со инфраструктурите, може да се прилагоди со урбаното опкружување како и автопатите и другите амбиенти.


Патниците добиваат можност да уживаат во Интернет врска со помош на 5G антена, додека апликацијата за паметни телефони овозможува можност лесно да го резервирате своето возило, испланирате рута и други детали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk