Популарниот манекен Давид Ганди овој пат ја имаше честа прв пат да ја испроба новата колекција на популарниот бренд.
Познатиот британски модел е добро познато лице во светот на модата, а овој пат добил прилика да ја претстави најновата колекција на "Marks & Spencer" и поради тоа бил видно воодушевен. Сепак, Дејвид се потрудил да остане професионален и да ги претстави најновите креации во вистинско светло.
Фотограф на едиторијалот е Деан Исидро, кој го демонстирал својот фотографски талент и успеал дополнително да го разубави манекенот и да го истакне неговиот сексапил.
Новата колекција е креирана да биде разновидна и да им овозможи на мажите да бидат спремни за секоја прилика. Поради тоа, во неа ќе можете да пронајдете јакни, капути, џемпери, панталони но и маици, долна облека и мноштво модни акцесоари.
Исто така ќе можете да ги задоволите вашите елегантни и лежерни потреби, а тоа ќе ви го овозможат одличните машки одела како и преубавите спортски комплети и облека.
Погледнете ја галеријата: