Еве како изгледа еден ден на најбогатиот човек на светот

Супермен

15/10/2018

10:18

3.913

Големина на фонт

а а а

Доколку не знаете кој е Џеф Безос, тогаш само ќе ви кажеме дека тој е сопственик и основач на компанијата Амазон и дека е моментално најбогатиот човек на планетата.

Безос поседува неверојатно богатство кое со секоја минута станува се поголемо и поголемо. Многумина сакаат да бидат богати и да го пронајдат клучот за успех во животот, а токму поради тоа Џеф секојдневно добива огромен број прашања на оваа тема. 

Милијардерот не коментира во јавноста за тоа како треба да изгледаат вашите бизнис планови или што е добра, а што лоша идеја, туку на своите обожаватели им ги открива своите секојдневни навики и како протекува еден негов вообичаен ден.


1. Секое утро се буди природно, без аларм, бидејќи сака да го остави своето тело да одмори онолку колку што му е потребно.

2. Штом стане, тој консумира здрав појадок заедно со својата сопруга и децата. Се труди да има разновидна исхрана и внесува многу овошје и зеленчук.

3. Никогаш не закажува утрински состаноци бидејќи сака утрото да го поминува во друштво на своето семејство.

4. Безос ги закажува своите состаноци околу пладне и се труди тие да не бидат во преголем број во текот на денот.

5. По состанокот заминува на ручек каде обично пробува нови гурмански работи бидејќи сака да експериментира со храната. Тој еднаш бил забележан од страна на колегите како јаде печена игуана.


6. Во периодот по 17 часот, своето време го користи за одмор со пријателите и семејството и тоа го прави во природен и релаксирачки амбиент.

7. По краткиот одмор, Џеф заминува во теретаната каде тренира бидејќи смета дека во здравото тело лежи здрав дух.

8. По тренингот, Безос заминува дома каде го искористува остатокот од денот во релаксација, а потоа си легнува рано бидејќи вели дека мора да има минимум 8 часа сон.

Безос тврди дека добро испланираната рутина е клуч на секој успешен маж, па затоа направете план доколку го немате и обидете се да го почитувате и сигурни сме дека ќе имате поголем успех во вашите секојдневни активности.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk