Ѕирнете во најскапиот пентхаус во Бруклин

Супермен

16/10/2018

10:06

2.925

Големина на фонт

а а а

Сместен на западната страна на Лонг Ајленд, Бруклин стана навистина популарна локација благодарение на своите историски домови, инди клубови и фантастичната уметничка сцена.

Со самото тоа не е изненадувачки што цените продолжуваат да растат во овој крај, додека бројни луѓе полека но сигурно се преселуваат преку мостот. 


Доказ за ова тврдење е и величенствениот пентхаус во кулата "Quay" кој неодамна беше продаден по цена од 20 милиони долари, што го направи најскапо продадена станбена единица во историјата на Бруклин. Оваа титула претходно ја носеше станот "Brooklyn Heights" кој актерот Мет Дејмон го купил по цена од 16,6 милиони долари.

По само еден поглед кон пентхаусот за кој овој пат зборуваме, ќе сфатите зошто тој е толку привлечен. Станбената единица со површина од околу 700 квадратни метри е креирана со комбинирање на два пентхаус апартмани на врвот од зградата со триесет ката. Во својата понуда, станот нуди пет спални соби и тераса од околу 100 квадрати. Секоја единица во оваа зграда има панорамски поглед, но она што се гледа низ прозорецот на овој стан е навистина интересно: тука се Кипот на слободата како и панорамата на целиот град.


Дизајнерската компанијата "Marmol Radziner" од Лос Анџелес, која е позната по дизајнирање на домовите на Елен Деџенерис, Том Форд, Деми Мур и многу други, го надгледувала процесот на дизајн на ентериер на овој стан. Подовите од даб, ормарите од истото дрво, стаклените ѕидови и проѕирниот мермерен камин од подот до плафонот му даваат карактер и топлина на овој простор. Во екстериерот, тука е терасата со камин и големиот простор за уживање во погледот кон градот и небото.

Овој пентхаус се одликува и со два лифта, но и со Amazon Alexa уреди кои можат да креираат интегрирано искуство на паметен дом, со контрола на светлата, температурата итн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk