"Кралот на лососот" е најмладиот милијардер на светот: Има само 24 години и Инстаграм полн со фотографии од егзотични локации

Супермен

16/10/2018

16:10

5.024

Големина на фонт

а а а

Густав Магнар Вицо (24) според магазинот Форбс е најмладиот милијардер на светот, со имот од три милијарди евра кој го наследи од својот татко, основачот на норвешката компанија SalMar, еден од најголемите снабдувачи на лосос.

Вицо поседува речиси половина од компанијата SalMar ASA, еден од најголемите произведувачи на розов лосос. Неговиот татко му го предал делот од компанијата во 2013 година, пренесува Тајм. 

Истовремено, Густав Магнар е модел кој има 70,000 следбеници на Инстаграм. На фотографиите кои ги објавува најчесто се гледаат неговите тетоважи, а снимени се на егзотични локации.

Неговото куче исто така редовно се појавува на фотографиите.

Минатата година тој инвестирал во регионалната социјална мрежа Гоби, конкурент на Снепчет и Кеј Бутлер, која му помага на Airbnb домаќините да го одржуваат просторот за изнајмување.

Тој не е заинтересиран за највисоката позиција во компанијата, бидејќи за магазинот "Dagbladet" изјави дека "не можете само да побарате да бидете шеф на толку голема организација".

"Треба да одговарате за таа позиција. Ако постојат алтернативи, најдобриот човек или жена мора да добијат работа. Толку многу работи се во игра: вредности, работа, клучни фактори", рекол Густав.

Тој за себе вели дека е обично момче и признава дека неговите родители зажалиле тоа што му ја препуштија контролата над SalMar на само 19 години.

"Тие се уверени дека требало подобро да размислат. Тоа е веројатно поради тоа што ме турнаа пред рефлекторите на јавноста. Беше толку чудно на почетокот. Малку Ве прави нервозни она што мислат луѓето за Вас", додава тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk