Нови уреди на Huawei: Mate 20 Pro изнесува 2.095 евра, претставен и гејмерскиот Mate 20 X

Супермен

17/10/2018

09:00

2.932

Големина на фонт

а а а

Компанијата Huawei вчера во Лондон претстави три нови паметни телефони. Покрај двата очекувани, Huawei Mate 20 и Mate 20 Pro, кинескиот техно гигант изненади и со 7,2-инчен OLED Huawei Mate 20 X.

Најголемиот модел во серијата на телефони, Huawei Mate 20 X е опремен со масивна батерија од 5000 mAh. Мобилниот телефон има 6 GB RAM меморија и 128 GB внатрешна меморија и конфигурација со два звучници. 

Во текот на претставувањето на уредот, Huawei ги нагласи одличните гејминг перформанси на новото милениче кое има можност за ладење и под голем напор.

Кога ќе биде пуштен во продажба на 26-ти октомври, Huawei Mate 20 X ќе изнесува 899 евра.


Huawei Mate 20 Pro

Вчера беше претставен долгоочекуваниот Huawei Mate 20 Pro, а за овој уред се знаеше речиси се, освен неговата цена.

Како што е соопштено од страна на компанијата, телефонот ќе изнесува 1.695 евра во верзија од 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија, а може да биде проширен до 512 GB внатрешна меморија за 2.095 евра, што го прави еден од најскапите телефони од понудата на Huawei.

Обичниот Huawei Mate 20 Pro од 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија ќе биде достапен по цена од 1.049 евра.

За потсетување, Mate 20 Pro има 6,39-инчен заоблен OLED екран со резолуција од 3120х1440 пиксели. На задната страна се сместени три камери од 40, 20 и 8 мегапиксели, наместени една под друга во коцка, додека на предната страна се наоѓа камера од 24 мегапиксели.


Интересно е тоа што овој телефон може да служи и како безжичен пад за полнење, така што на него ќе можете да ги наполните вашите слушалки или друг мобилен телефон.

Huawei Mate 20

За оние кои не се спремни да издвојат повеќе од 1000 евра за најдобриот Huawei телефон, тука е 6,5-инчниот Huawei Mate 20 кој исто така има одлични перформанси.

Huawei Mate 20 ќе изнесува 799 евра за верзија од 128 GB и 4 GB RAM, односно 849 евра за 6 GB и 126 GB внатрешна меморија.

Овој уред користи ист чип како и Mate 20 Pro, со тоа што има помала работна меморија. Моделот содржи четири камери - една предна од 24 мегапиксели и три задни од 16, 12 и 8 мегапиксели. Батеријата на овој модел има капацитет од 4000 mAh, а внатрешната меморија може да се прошири со SD картичка од 256 GB. 

Huawei Mate 20 доаѓа во исти бои како и Mate 20 Pro, а тоа се црната, смарагдно зелена, полноќно сина и "twilight" боја која многумина ја сметаат за ремек дело на Huawei.

Сите нови модели се веќе достапни за нарачка, а наскоро ќе се најдат и во малопродажните продавници.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk