Maшката менопауза е вистинска: Лошиот секс и зачестеното мокрење не се единственото нешто што ве очекува

Супермен

17/10/2018

13:53

3.119

Големина на фонт

а а а

Сигурно се прашувате зарем не е менопаузата резервирана само за жените, но не е баш така. Според дијагнозите од лекарите, и мажите можат да влезат во некаков вид на менопауза, која е многу слична на женската.

Според термините, не постои машка менопауза, но значајната промена се случува околу 50-тите години од животот и многу е слична на онаа низ која поминуваат жените.

„Кај жените, најголемата контрола доаѓа од естрогенот, која се намалува после 45-тата година од животот и до 55-тата се спушта на многу ниско ниво. Последиците од неа се топлотните бранови, потење, лош квалитет на кожата, сувост на вагината и намалено либидо. Слични симптоми се јавуваат и кај мажите, но не така драстично како кај жените“, рекол експертот за сексологија, д-р Дамјан Сендлер.

Машката менопауза може да доведе до проблеми во спалната соба и до влошување на изгледот. Мажите ја губат косата, имаат потешкотии со уринирање и се зголемува ризикот од рак на простата. Се намалува квалитетот на кожата и мажите изгледаат уморно. Губат физичка сила, но и сила за сексуални акробации.


Кога мажите ќе влезат во 50-тите години, нивната простата се зголемува и може да доведе до извесни непријатни симптоми на менопауза. Големината на простатата ја контролираат андрогените, особено тестостеронот, познат како 5-DHT, чие ниво го диктира зголемувањето на простатата, после 45-тата година од животот.

Поради тоа, се губи контролата кај мокрењето, па повеќето мажи во овие години, не можат да го контролираат мокрењето. Зголемувањето на простатата овозможува задржување на мокрачата подолго време.


Сексуалните перформанси исто така се намалуваат бидејќи се јавува потешкотија со одржување на ерекција. Ослабнува и физичката сила и сето тоа влијае на нервниот систем кој е одговорен за одржување на ерекција. Срцето не работи ефикасно како претходно, па и тоа може да се одрази на активноста во спалната соба. Сето ова може да влијае на тоа сексот да трае кратко и на потенцијални проблеми со ејакулација.

Постојат третмани за намалување на симптомите за машката менопауза. Повеќето од нив се однесуваат на намалување на големината на простатата, со помош на лекови. Треба да ја зголемите физичката активност, за да се зголеми издржливоста и мобилноста. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk