Потврдено: Се враќа омилениот музички плеер

Супермен

18/10/2018

11:08

2.573

Големина на фонт

а а а

Компанијата "Radionomy" најави големо враќање на популарниот "Winamp" кој следната година ќе добие нова верзија.

Иако е еден од најпознатите компјутерски програми некогаш, "Winamp" и неговите сервиси беа исклучени на 20-ти декември 2013 година, на разочарување на многу обожаватели. 

Досега повеќе пати беше најавено враќање кое никогаш не заживеа, меѓутоа сега компанијата која го купи "Winamp" во 2014 година, официјално потврди дека омилениот плеер се враќа во вид на мобилна апликација која ќе овозможи поставување на музика, подкасти и стриминг сервис на едно место. 

"Потполно новата верзија ќе пружи подобро корисничко искуство следната година. Ќе можете да ги слушате вашите MP3 фајлови, интернет радио станиците и плејлистите кои сте ги креирале", истакнуваат од компанијата.


Странските медиуми наведуваат дека апликацијата ќе биде достапна за уредите на iOS и Android. "Winamp" веќе има своја Android апликација, но новата верзија ветува поинакво искуство.

Исто така, "Radionomy" најави нова декстоп верзија од плеерот, кој е во план за следната година. Порталот "Techcrunch" пишува дека и покрај фактот дека популарноста на "Winamp" е опадната, тој и понатаму има 100 милиони корисници на месечно ниво.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk