Раперот ја прекина 11 годишната врска со девојката, но очигледно брзо ја преболел

Супермен

18/10/2018

15:10

3.546

Големина на фонт

а а а

Раперот Шон Комбс, познат по надимакот Пи Диди ја прекина 11 годишната врска со пејачката Кеси Вентура, пренесува People.

Парот наводно веќе неколку месеци не бил заедно, а за магазинот веста ја откри нивен близок пријател, кој додаде дека останале пријатели. 

View this post on Instagram

@ciroc #CirocVS

A post shared by Casandra (@cassie) on

Диди и Кеси се запознале во 2000 година кога таа потпиша за неговата продуцентска куќа Bad Boy Records, а гласините дека тие се заедно започнаа да се шират во 2007 година. Сепак, пет години подоцна парот призна дека е во врска. Ова наводно не им е првото раскинување, бидејќи како што пренесува ENews, во 2016 година исто така направиле кратка пауза.


Нивното последно заедничко појавување беше на црвениот тепих на Мет Гала оваа година.


Она што е интересно е дека се шират гласини како раперот пронашол нова девојка, 26 годишната манекенка Џоселин со која беше забележан во Мајами на концертот на Дрејк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk