Дејвид Бекам: "Бракот со Викторија е секогаш тешка работа"

Точка

18/10/2018

16:32

3.042

Големина на фонт

а а а

Гордите родители на три момчиња и едно девојче се венчале пред 19 години, а дека бракот со Викторија е тешка работа и тоа дека нивниот однос е сè повеќе комплициран, поранешниот капитен на Англија откри во претстојното интервју во емисијата The Sunday Project.

Во еден дел од интервјуто, Дејвид Бекам сосема отворено и искрено проговори за својот брак. 

"Кога сте во брак толку долго како што сме ние, тоа секогаш беше тешка работа, а со текот на годините станува сè повеќе комплицирана", рекол Дејвид.


Дејвид проговори за бракот само една недела откако Викторија отворено зборуваше на истата тема за магазинот Vogue.

Поранешната членка на бендот "Spice Girls" рекла дека таа и нејзиниот сопруг се навикнале да ги игнорираат глупостите и да се однесуваат како дека се нормални.


"И двајцата сфативме дека заедно сме посилни, отколку како поединци. Дали би биле во оваа положба доколку не се држевме заедно сите овие години? Веројатно не. Ние едноставно го почитуваме семејството и бракот како институција и во тоа е клучот на успехот", изјави Викторија Бекам.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk