Патувањата за неа се доживувања кои ја збогатуваат. Почнувајќи од нејзините интервјуа, разговорите со неа кои секогаш „отвораат нови прозорци“ за размислување, па се надевам и ова патување со неа ќе ви биде пријатно „Модерен, но, не во снобовски-покондирен контекст, туку во еден културолошки и ослободувачки аспект на современото живеење“ – раскажува Ана Јовковска за Берлин.
Моите патувања одамна не се потрага по забава, туку по различности и доживувања кои ќе ми ја збогатат душата или ќе ми го отворат умот. Да се забавувам можам и дома, а на патувањата сакам да учам. Берлин е прекрасно „школо“ за духот. Но, веројатно сте во право, забавно е човек на секој чекор да се изненадува од нови работи и Берлин е токму тоа - „ролеркостер“ од изненадувања :) Овој град е типичен пример за спектар од луѓе, раси, карактери, музички правци, уметности, архитектура, историја, суб-култура...
Како големо богатство од кое учиш дека традицијата е проѕирна, менталитет е жива материја која секој ден одново се гради и дека етничкото е помалку важно од етичкото. Во Берлин се дише слобода. И покрај црната историја која на Берлин му тежи, луѓето немаат предрасуди, или барем се трудат да живеат во прифаќање и мир со се што е различно од нив. На улица може да видите различни стајлинзи, различни бои, класи, сексуални ориентации, субкултури и сите се вклопени во срцето на градот кое е живо и вибрантно 24/7 :)
Посетив скоро се што е значајно да се види од историски, архитектонски и уметнички контекст. Времето ми се чинеше кратко, како и на секое патување нели, па трчав за да доживеам и да вдишам што повеќе. Музеите, ах музеите... Берлинскиот ѕид, Бранденбуршката порта, Siegessäule (ангелот од „Небото над Берлин“ :) Собранието, Берлинската телевизиска кула висока 370 метри, Посдамер плац, Александар плац, Железничката станица... Ме фасцинираа и прекрасните уметнички маала, напуштените квартови со специфични и освестени уметници и активисти, сквотирани објекти полни со дух на младост и револуција, изложби, свирки, книжарници, раскошни споменици, зелени паркови, многу велосипеди.
Брандербуршката порта
Културата на солидарност, точноста, редот и почитувањето на еко-живеењето.
Да, уживав во широките зелени површини. Паркот ми е важен дел од секојдневното живеење. Кај нас уништувањето на парковите е тренд што не запира, за жал. Споредбено со Берлин, или со кој било европски град, жалам што немаме доволно развиена еколошка свест за зеленило и чистотата.
Веројатно затоа што е модерен, но, не во снобовски-покондирен контекст, туку во еден културолошки и ослободувачки аспект на современото живеење. Берлин иако е град на огромен број на културно-историски знаменитости, пред се е град на луѓе.
Тахелес
Ми се потврди верувањето дека велосипедот е најдоброто превозно средство каде и да сте :) И дека колку луѓето се поголеми, во интелектуална и спиритулна димензија, толку се послободни и пошарени.