Доколку немате мотивација за тренинг и доколку мислите дека е невозможно да направите некои вежби, тогаш погледнете како тренира Хосе Луис Санчез, американски маринец кој ја изгубил левата нога во борба.
Хосе повеќе не е во војската, но го задржал строгиот режим кој му помага да остане здрав и со помош на кој има тело од соништата.
Иако нема една нога, Хосе секојдневно тренира и покажува како тренингот на маринците може да го трансформира човечкото тело. Тој преку социјалните мрежи се труди да ги мотивира останатите и да им покаже дека човек мора да обрнува внимание на своето тело, бидејќи во силното тело лежи силен дух.
Санчез најмногу претпочита тренинг во теретана и прави вежби како мртво подигнување, бенч преса и подигнување на тегови. Секој ден тренира по две различни групи на мускули и следниот ден преминува на други две групи, додека третиот ден одмара и така повторно во круг.
Вели дека на почетокот му било многу тешко бидејќи останал без нога и немал волја за живот. Но, кога ставил протетичка нога и кога ја зајакнал својата волја, Хосе успеал да ги надмине сите свои проблеми и да стане вистински пример за војник и фитнес модел.
Ние одлучивле да ви покажеме како изгледа еден негов тренинг, а најдобрите вежби на маринците ќе ви ги покаже токму тој и ќе ве мотивира уште веднаш да отидете во теретана.