Со својот софистициран изглед, сјајна површина како сатен и луксузно златно издание, Samsung Galaxy S9 и S9+ сигурно ќе привлечат внимание кај сите љубители на овој бренд и оние кои ги следат трендовите.
Златната верзија на Samsung Galaxy S9 и S9+ паметните телефони е инспирирана од материјалот сатен и зрачи со црвенкаст сјај со цел совршено да се долови изгревањето на Сонцето. Импресивната златна серија е наречена Samsung Gold, бидејќи потсетува на светлината на изгрејсонцето, а го претставува и оној магичен момент кога црвенкастите зраци од Сонцето ќе почнат да пробиваат низ темното небо.
Оваа хит боја на Samsung Galaxy S9 и S9+ се смета за модерна и луксузна и со изгледот ги привлекува сите корисници давајќи стилски допир на висока мода и урбан ентериер на еден мобилен уред. Златната верзија е идеална за сите оние кои ги следат трендовите и сакаат персонализирани телефони. Исто така, нуди можност за изразување на сопствениот стил и карактер, притоа осигурувајќи единствено корисничко искуство по кое Самсунг е познат.