Откако Канје Вест јавно проговори за својата борба со биполарното пореметување во емисијата на Џими Кимел, боксерот Мајк Тајсон му порачал дека е време да почне да зема лекарства.
"Почни да ги пиеш е*ените лекови", му порача славниот Тајсон откако и сам признал дека има психички проблеми во текот на интервјуто за радио станицата "Real 92.3".
Боксерот раскажал дека пред 15 години и самиот бил дијагностициран со биполарно пореметување.
"Знаев дека нешто не е во ред кога имав напади на бес без никаква причина. Можеме да зборуваме со часови за тоа, но се' се сведува на ова: почни да ги земаш е*ените лекови. Јас не би бил овде доколку не започнав да ги пијам".
На прашањето дали мисли дека Канје е навистина биполарен, тој одговорил:
"Не знам што е Канје, но тој е секако интересен лик и навистина е храбар кога може да ги кажува сите тие лудости", додал боксерот.