Убавата манекенка Емили Ратајковски на голема радост на своите бројни фанови обожува да се фотографира со што помалку облека.
Овој пат своите следбеници ги почести со фотографија во оскуден костим за капење, кој сè повеќе покажува отколку што сокрива.
Таа позирала со чаша шампањ во раката облечена во едноделен костим за капење во кој истовремено успеала да го покаже деколтето, стомакот и долниот дел од градите, а изгледа дека тоа не ѝ било доволно, па уште од едната страна со раката го придржувалa костимот за да покаже што повеќе кожа.
На втората фотографија покажала како костимот изгледа од задната страна и заводливо го покажа задникот. Во само 24 часа на двете фотографии заработила повеќе од милиони лајкови, а нејзните фанови ја натрупале со комплименти.