Зошто треба барем еднаш да „гризнете“ од „Големото јаболко“?

Точка

24/10/2018

10:26

5.252

Големина на фонт

а а а

„Америка низ овој град кој важи за центар за пласирање на Американсата култура низ целата планета вршеше многу години еден приказ дека е земја на соништата, што не значи дека не е за одреден мал процент на луѓе, но по мои анализи низ годините, бидејки 10 години активно одев во Америка , мислам дека земјата со својот материјализам и Холивуд направи многу чудни влијанија на вредностите кај остатокот во светот“- раскажува Гаро Тавитјан за Њујорк, за нас како дестинација за овој Чекинг, а за него како град со кој е поврзана неговата музичка кариера.

Што те изненади позитивно, а што негативно во Њујорк?

Гаро: Позитивно ме изненади отвореноста на можностите, различните националности кои функционираат беспрекорно и влијанија од сите нации во светот во погледа на културата и бизнис сферата. Премногу е прифатена посебноста кај луѓето и сечии идентитет е добредојден со голема доза на индивидуалност и оригиналност. Да не заборавиме дека уметностите од светот се стационирани од сите значајни музеи Метрополитан, Смитсониан, Мома, Карнеги Хол, Линколн центар, светските школи и значителен белег за светската уметност се наоѓа во Њујорк поради тоа што повеќето артисти во минатото од 40-тите до ден денеска потекнуваат од европските елитни кругови од историиска важност за ликовната уметност, музичката, филмска и разни писатели. Негативните стравни можеби се моментите на преголема конкуренција и не лесно пробивање во кругови како и силно зацврстениот став кон материјалното дека им е на пиедестал и се нешто е искалкулирано низ пари како и секоја минута од времето што е искалкулирана како треба да помине во текот на денот. Има разни кругови и не може да се генерализира, но градот нуди можност за безбројни реализации на најневеројатни бизнис и уметнички идеи. Друга негативна страна е тоа што може да се сретне висока уметност за малку финансии бидејки ја имаат во изболиство и најчесто цена добиваат Американските артисти кога ке одат во Европа бидејки е продукт кој е значително застапен насекаде низ Америка, а помалку низ Европа.

Искрено Њујорк на толку места има миризба на чудни зачини и ароми кои не ми се допаѓаат и има улични артисти кои некои се премногу за мојот вкус и имам едно чувство на панаѓур кој се самоорганизира самиот секојдневно. Не е најчистиот град во светот и имате чувство дека сте мравка во голема средина каде не знате дали има правда и каде ви е јасно дека посилниот по секоја цена е во право бидејки капитализмот нема милост и емоцијата на сочувство им трае многу кратко како и насмевките кои им се истренирани во знак на учтивост и за вистински конектирање со луге на долги стази. Таму ке ви треба многу години да се зближите како тие вистински во срцето и душата ве земат за пријател и во тој случај пријателството е квалитетно.

Настап во Блу Ноут

Ретка привилегија да се настапува во Каргеги Хол?

Гаро: Многу пати бил тој повод , на многу пати престојував во Њујорк со брат ми на по долг период. Нашите концерти биле причина , наши агенди студиски и поврзани со музика и поради наши пријатели низ Америка и низ другите градови. Имавме снимање на албум во светско студио неколку пати , имавме распродаден концерт во најпрестижната концерта сала во светот Карнеги Хол кој беше ко организиран од еден светски менаџер, а Карнеги е за еден музичар тоа што е за еден кошаркар кога игра во НБА, но нашиот настап во Карнеги Хол се издвојува по тоа што беше за странска публика дури имавме побарување за цел концерт да го откупи една Јапонска фирма која сакаше своите вработени тој ден да ги почасти со целосно откупена концертна сала и сите билети за таа вечер со нашиот концерт. Имавме и 2 светски имиња како гости на нашиот концерт и имавме два настапи во легендарниот џез клуб каде настапуваат сите светски елитни најдобри имиња од светот, во Блу Ноут (каде е исклучиво тешко да се влезе во програмата и скоро невозможно), имавме концерт во Нублу што е од истиот значај како Блу Ноут, имавме настап во Драмерс Колектив (светската најдобра школа), исто така нашиот настап од многу битен значај во нашата Македонска Галерија Ем Си Галери која е организирана од Горазд Поповски итн. Дефинтивно мора да ви откријам дека можно е во Америка да правите кариера и да платите за ваш пласман , сите овие светски сали ке ви дадат можност да ги изнајмите и да си направите сопствен концерт , ке ви дадат пласман на филмски фестивал ако платите за учевството и ред други капиталисички решенија кои како практични решенија тие ги усвојија како би заработиле од се што ке ви текне дека може да постои. Некој го сака тој капитализам, но моментот кога ке снема од финансиите вие сте од секундарно значение и трајните вредности остануваат мисловна меморија бидејки таму го доминираат светот статистиките и остварувањата од ден за ден. Тимови работат за да се пробијат сами во тој хаос и тоа се под продукции кои се борат да стигнат до врвот. Најголеми компании кои ви делуваа преуспешно работат со милионска загуба годишно се со надеж дека ќе дојде денот кога тие ке бидат во добивка и тоа е долг пат исполнет со ризици во секоја сфера.

Настап на Тавитјан Брадрс во Кархеги Хол

Се согласуваш ли дека е плодна почва за секој сон?

Гаро: Не се сложувам бидејки видов дека многу луѓе работат во ресторани , во локали , преживуваат, во такси и разни институции и тоа ако имаат среќа да ја најдат таа работа но како и за секоја работа мора да се има верба и упорност како и екстремно уникатни идеи и спообности, а среќа како би ве приметиле вистинските луѓе во вистинско време.

Град со богата историја, во кој не смеат да се пропуштат и дел од туиристичкиот тури. Беше на некоја од нив?

Гаро: Секако музеите, концертните сали, клубовите со џез, Бродвеј и сите најскапи нивни мјузикли таму и адаптации на светски приказни, Хадсон реката, Менхетен и Бруклин и безброј локации се до Њу Џерси кој е соседен град веднаш блиску каде сум бил.

Тајмс Сквер е дел од многу сцени од филмови, какво е чувството да се биде таму?

Гаро: Многу осветлен е Тајмс Сквер и баш престојував таму извесен период со брат ми и тоа е место со премногу движење и многу активност и стационирани продавници за се нешто што ви треба од облека, храна, ресторани, музички продавници, продавници за лап топ и мобилни телефони и светски деловни центри и продукции и елитни клубови. Излгеда како фестивал на ЛЦД екрани во боја, прв пат отидов 2008- та година во Њујорк и тоа беше невидено искуство неколку недели под импресии, но се навикнав и ми стана стандардно после извезно време, па можеби и досадно. Девојката т.е љубовта на мојот живот во моментот се наоѓа во Њујорк на Тајмс Сквер, каква коинциденција...

Њујорк е град кој никогаш не спие. Што е она што тебе ти беше забавно?

Гаро: Сум бил низ цела Европа и Азија со концерти, тоа се повеќе од 60-тина градови низ светот и тоа по 3,4 пати на наколку наврати и за разлика од сите тие Њујорк нуди се што ке помислите дека постои на оваа планета. Тоа е местото каде има се во еден град во буквална смисла на зборот. Од 1000 ивенти до елитни клубови, театар, опера, концерти, премногу џез клубови, премногу галерии, тоа е она што најмногу посетував, бидејки не сум по ПОП културата и масивно прифатените вредности и така ги барав авангардните кругови во кои имаме пријатели од светската сцена со кои и соработуваме повеќе од 14- тина години. Њујорк има кинематографија и класична музика со невиден врвен квалитет во нивната Њујоршка филхармонија и во Метрополитан операта. Како и кругови на луге кои можеби многу луѓе вон Америка не се свесни дека се таму, а го држат светкиот збор и влијание во уметноста и го прават тоа во позадина .

Кои се критериумите да се успее таму?

Гаро: Во Њујорк има многу строги кругови во уметноста каде што не можеш без квалитет влезеш, тоа се круговите каде компромис нема и не се може да се купи со пари или да се постигне со ургенција а тоа е исто како да одите на кастинг за балет и едноставно нема сила која ке го натера жирито да најми балерина која не е витално и најврно подготвена со висока техника на движења и сите елементи на која мора да предходи многу подготовка и исто е со музиката во џез и класичната а особено оперската култура каде се бара максимум но интересно е што тие што ви дишат во врат, а дошле од цел свет и чекаат по стотици за една аудиција , ви прават да не можете лесно да успееете бидејки се спремиле многу сериозни. Држат силен квалитет и гард. Но тоа што го приметив дека самата Америка нема високо квалитетни концепти и се осеќа Мек Доналдс психологијата која е брзи пари и медиум квалитет но квантитет голем. Естетиката на Њујорк не е баш толку високо ниво и да не се европејците и русите кои го донесоа своето знаење и строги принципи мислам дека кантри и реднек културата многу ке беше доминантна бидејки ако одите низ Америка каде не се урбани градовите со мешани нации ке се изненадите дека немаа Американците допир од елеганција, естетика , длабока култура и некоја авангарда и тврдам дека авангардата е увезена од Европејци . Генерално опаѓа квалитетот во Америка и почнаа за пари да ви дозволуваат све да правите како и глобално и менаџментот исто така е опаднат во смисла на квалитет но сеуште има некои кругови се непробиени од тој аспект и мораш да си години искусен и со знање и квалитет.

Важи за еден од најскапите градови за живеење, а за туристи?

Гаро: Не, не е најскап и напротив има доста ефтини цени на продукти за храна и зависи каде ке се најдете бидејки имате елитни ресторани каде самите земаат процент бакшиш без да ве прашаат и има места каде за 2 долари јадете превкусна пица. Се зависи каде ке влезете и во кој ВИП клуб и круг каде може и неколку илјади долари од вечер да ве чини се тоа како провод. Нормалниот живот во однос на нивната плата е поефтин од Македонија. Поефтино е да се зборува на мобилен м, поефтин е бензинот и имате на распродажба врвни парчиња облека за малку пари. Осло е најскап град каде што сум бил 1 месец, а после тоа во Швајцарија се високи цените исто така.

Ти се допадна храната?

Гаро: Зависи, има Мексикански, Италјиански, Кинески и секакви ресторани од суши, бурито, чимичанга и се што ке помислите. Фаст фудот е очаен и нездрав, вкусен е ама брзо ке ви падне имунитетот за само две недели и сите Њујоркери јадат органска храна и џогираат во Централ парк рано сабајле пред работа во 5 или 6 или после работа. Има теретани на Менхетен кои од надвор се гледаат како вежбаат лугето во излози на траки за трчање.

Патувањата подразбираат и нови пријателства. Ти остаана едно такво кое трае до ден денес?

Гаро: Па, нашата работа е тесно поврзана со Америка, Атланта, Лос Анџелес и Њујорк и за нас значајно пријателство е тоа со светската џез дива Розена Витро, која е Греми изведувач но, стана наша блиска пријателка и заедно со неа настапувавме неколку пати и таа како лидер на светски број еден Американска авангардна група наречена Џез Амбасадорс кој ја предводеше Мајлс Девис иконата на светскиот џез додека таа е артист на светската продукција Халф Ноут за Блу Ноут и има десетина легендарни светски изданија со сите елитни имиња на нејзините проекти. Таа не запозна со Џеф Левенсон менаџерот на Блу Ноут кој изигра клучна улога во нашите понатамошни агенди во Њујорк. За нас не е туристичка дестинација колку што е долгодишен центар со кој соработувавме и реализираме проекти, соработки со светски артист и многу концерти. Снимавме во Атланта трибјут проект сингл со музички видео спот под палката на Џое Бронзино (од Холивуд) во авангарден џез и фјужн концепт со препознатлив звук кој е дел од еден проект на бенд директорот Морис Плежр (кај кого и престојувавме во неговата куќа во најубавиот крај во Атланта) на Мајкл Џексон, Реј Чарлс, Ерт Винд анд Фајр итн. Морис имаше идеја да собере светски артисти со кој соработувал тој и не покани и нас бидејки тој беше директен пријател и изведувач на музиката на Мајкл Џексон заедно со Џексон и со Џенет Џексон како семеен пријател. Ние сме дел од Carver фондација и WE ARE 1 VOICE каде дониравме средства од нашиот концерт во Њyјорк, а тие хуманитарни организации се сопственост на најелитни кругови, а во истите се топ 100 од светските имиња, а ние имавме среќа да сме дел од нив во истата организација каде и цел тим дојде на свечен прием за време на нашето влегување со специјани гости од светскиот бизнис и музички светски имиња како главниот на стопанската комора на Менхетен, Сафра груп семејството банкарско кое е едно од највлијателните во Америка, Рејчеч З светската пијанистка итн.

Асоцијација кога ќе се спомне Њујорк?

Гаро: Облакореди, живост, фрекфенција 24/7, безкруполозност, капитализам, шаренило од жанрови, микс на култури, филмска индустрија, џез култура, богата историја од 100 години во секој можен жанр од човековото живеење, животот на Тесла во Њујорк ,светските џез приказни и биографии на авангардните уметници, ликовните уметници во раните периоди на Америка кога се создаваше современта култура и епохални музеи кои се базираат врз лична борба на индивидуи кои го проживеале животот на артистички боемски и изжртвуван начин се со цел денеска тој град да може да се пофали со една најбогата авангардна историја која е дефакто увезувана од Италија, Франција, Англија итн. Бизнис центрите во Њујорк се една посебна тема на разговор за кој ке ви треба соговорник од сферата на економијата и берзата за да ви објасни со која енормна брзина на дневно ниво се движат милјарди долари дневно и сето тоа ке го даде одговорот зошто сите овие уметничко културолошки збиднувања сепак опстојуваат со децении и како год што да се случи секогаш има пласман некаков и нема тоталн застој во каква било рецеција бидејки Америка има сопствени ресурси и најглавно од се, има куповна моќ од 300 милиони луге внатре и неколку милјиарди од надвор кои се директни купувачи и конзументи на Американските производи по интернет и по продавниците ширум светот. Глобално економијата и културата во Америка се спушта надоле од тоа што на времето бил нивен постигнат врв, но до кој степен ке одите ке покаже времето , но тоа што е сигурно е дека рапидно се спушта и не сакам да го претпоставам исходот од моменталниот тренд и движење на нештата. Треба многу голема криза да се случи за да не функционира земјата но пред тоа многу гранки полека го губат тлото. Музичката индустрија во смисла на заработка официјално ојбави статистика дека за разлика од 80тите и 90тите, процентот на профит е паднат за скоро 90% од концерти и од дискографија и печатење на носачи на звук. Мајкл Џексон објави 750 милиони албуми, додека денеска бројката од 5 милиони копии веќе ни најпознатите во моментот не можат да ја постигнат бидејки се замени со бесплатната мрежа ЈуТјуб и веќе светските стручњаци алармираа дека само уште неколку брендови во светот ке успеваат да прават профит додека сите останати кои ке сакаат ке биде невозможно да достигнат некогашните статистики.

Би додал дека Америка низ овој град кој важи за центар за пласирање на Американсата култура низ целата планета вршеше многу години еден приказ дека е земја на соништата што не значи дека не е за одреден мал процент на луѓе но по мои анализи низ годините бидејки 10 години активно одев во Америка , мислам дека земјата со својот материјализам и Холивуд направи многу чудни влијанија на вредностите кај остатокот во светот, бидејки денеска успехот се мери низ призма на тоа што направиле во Америка и дали тој филм е на Оскар и дали сте добиле Греми и дали се Кардашијан и пиете вода и јадете паста пред камера и ве плаќаат за тоа како да сте научник од Церн со 3 докторати и целиот овој систем на вреднување за мој вкус е премногу во погрешен правец .

Многу пати ке видите многу подобар филм од хилвудските и многу подобра музика од онаа на Греми и тоа се вон Америка но тие милуваат на секој нивен ивент да самите се наречат најдобри во светот. Многу често кога ке дојде некој на Оскар зборува за тоа е дека е врв н светот исто и во музичките кругови но кој тоа тие прашале дали е тоа вистински така? Бидејки имаат сопствена земја од 300 милиони луге им се чини дека се што ке се произведе таму дека е најдобро, но што правиме ако во Јапан или во Русија или во Париз има подобар филм или концерт ? Кој ке одлучи дека тој е вистински подобар филм или уметност ? Така овие капиталистички системи врз база на мокј и по принцип на посилниот е во право си изгради еден систем каде се сметаат себе си како филтер на светот и ИЛИ ке успееш во Америка и тие да кажат дека си ти најдобар или тие нема да сакаат да ве признаат ако им кажете дека ОСТАТОКОТ од светот смета деке вие сте врвен. Тие вреднуваат она за кое само нивните институции ке дадат признанија и награди низ нивните жириа и тимови. Мене тоа ми делува нехристијански иако сум имал најголем успех во Америка на сите наши концерти каде присуствувала светска елита .

Њујорк ви го предлагам како место и за живеење ако сте капиталист во душа и како место за туризам и убави моменти во понудата која е многу богата за секого.



Спонзорирани линкови

Маркетинг