Катерина Шехтанска: Јадран-неверојатно привлечна комбинација

Точка

29/10/2018

10:11

10.280

Големина на фонт

а а а

Море во комбинација со природни шуми е идеално за здравјето. Ако на ова ги додадеме гратчињата со вековните архитектура, тогаш независно дали очекувате одморот само плажа и капење или да научите и нешто за историјата на местото како и да е ќе уживате. А зарем може да си помине човек поинаку кога е со семејството, непредвидливите ситуации што ги приредуваат децата. Покрај Јадранското крајбрежје со актерката Катерина Шехтанска.

Јадран никогаш не е погрешен избор?

- После години поминати во Грција, како најблиска дестинација за со мали деца се одлучивме за Ксамил, Албанија. Ама, по два дена „избегавме“ повторно во Грција. Едно лето, решевме демек поголеми децата, можат да издржат пат и отидовме на Јадранот. И токму тоа беше едно од незаборавните патувања.

Се сместивме во центарот на Будва, кај Стари град на познатиот Могрен. Скапо огин!

[Могрен-Заштитниот знак на Будва и плажа која со право го носи епитетот скапоцен камен на црногорското крајбрежје. Плажата го добила името по шпанскиот морепловец Могрен кој доживеал бродолом во Јадранското Море и бил исфрлен од брановите токму на оваа плажа]

Имавте можност да го посетите и најлуксузно и најубаво летувалиште на Јадранот и Црногорското приморје?

- Шетавме по плажи, Св. Стефан ми беше врв. Пукнав што не можевме да влеземе таму, лежалка беше 100 евра. Влезот за обичните смртници како нас беше ограничен...мислам забранет.


[Островот Св. Стефан од мало рибарско градче кое доживеало трансформација во текот на 70 и 80-тите години и станало најпознат туристички центар во Црна Гора за љубителите на луксузот ]

Одморите со децата се секогаш непредвидливи, но и забавни?

- Бевме фамилијарно, па требаше и на децата да им се прави меракот, па идевме на плажи со базени, забави со пена. Навечер пред прошетка низ Стари град мораше до Луна паркот кој се наоѓаше во центарот. Во Тиват отидовме со цел да видиме каде би иделе наредна година хахаха ...

Со децата наши таму, тур не се опитомат некогаш хахаха...


Патувањето продолжи на јужниот дел на полуостровот Истра?

- Другиот ден рутата продолжи во Хрватска (ја обожавам) сум била во Пула.

При прошетката се враќаат и стари спомени од Јадранското крајбрежје?

- Со Боби како дечко и девојка бевме на Брач, додека ЧЕКАВМЕ ТРАЕКТ ИМАВМЕ СЛОБОДНО НЕКОЛКУ ЧАСА ВО СПЛИТ... Оооо Боже, неверојатно преубав град со преубави луѓе... каде мора да се преселиме (ако некогаш решиме).

Дубровник-неверојатно заводлива комбинација: море, планини, средновековен град?

- Дубровник...убав прекрасен...Стари град величествен! Цени плафон! Плажи неверојатни, вода бистра, ладна грч хахаха

Цел ден ни одзема шетањето низ Стар град каде моравме малку со едукативен дел, да им е јасно на децата каде се наоѓаат.

Сепак, се на се одлично доживување за сите. Места на ВИП фаци, богат народ и градови со богата историја освен што ги дарила природата... Луѓе од висока класа од цел свет (најчесто Руси) ги даруваат исто така хахаха.

Цените на вакви места не се издржливи ни за самите мештани, а не па за нас.. друга приказна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг