Најпознатиот бодибилдер со шокантни вести: "Потрошив 2 милиони долари за операции и после сè не можам да се движам"

Супермен

02/11/2018

21:23

7.891

Големина на фонт

а а а

Најпознатиот бодибилдер ги шокираше своите фанови со најновите вести. Светот на професионалниот бодибилдинг остана во шок кога Рони Колмен на своите социјални мрежи објави дека можеби никогаш повеќе ќе нема да може да се движи.

Колмен дефинитивно е еден од најдобрите бодибилдери на сите времиња, бидејќи е носител на титулата "Мистер Олимпија" осум пати по ред. Сепак, на социјалните мрежи објави дека потрошил 2 милиони долари за три операции кои не поминале како што очекувал и поради кои тој мора да биде во инвалидска количка. 


Рони откри дека морал да подлегне на операција поради тоа што после долгогодишните и напорни тренинзи го оштетил своето тело и дека неговиот живот бил загрозен.

"Сметам дека операциите не поминаа како што треба и дека лошиот потфат на докторите придонесе до тоа да не можам да стојам на нозе. Морате да сфатите дека не ми е лесно, дека секоја операција е многу тешка и дека само една чини околу 500.000 долари. Само на последните три операции потрошив околу 2 милиони долари и после сè не можам да стојам, но нема да се предадам и ќе продолжам да се борам, секако со Ваша поддршка", напиша Колмен на социјалните мрежи и им се заблагодари на фановите и пријателите кои биле покрај него.


Засега не е познато дали Колмен ќе мора да подлегне на уште една операција, но легендата на бодибилдингот ќе мора да се повлече од светот на теретаната, бидејќи моментално не е во состојба да се движи без количка. Сепак, неговите фанови се надеваат дека Рони ќе успее да се избори со своите здравствени проблеми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk