Често се будите уморни и нервозни? Научниците откриваат колку треба да трае вашата попладневна дремка

Супермен

08/11/2018

08:52

1.365

Големина на фонт

а а а

Многумина од нас ја обожуваат попладневната дремка кога имаат време за истата, бидејќи таа нѝ пружа дополнителна шанса да се одмориме и опуштиме. Меѓутоа, често се случува да се разбудиме уште поуморни и нервозни.

Некои сметаат дека добата во денот кога спиеме игра улога во тие промени, но научниците сметаат дека една потполно друга работа влијае на тоа дали попладневната дремка ќе биде "позитивна или негативна". 

Универзитетот во Калифорнија неодамна извршил истражување и тестирал 50 студенти кои секој ден морале да имаат попладневна дремка. По студијата, научниците дошле до изненадувачки заклучоци кои објаснуваат зошто некогаш се будиме нервозни и уморни по спиењето.


Научниците откриле дека вашиот мозок различно се однесува во одредени фази од сонот и дека тие фази се случуваат во различно време. Кога ќе заспиете, вие влегувате во втората фаза од спиењето, но по 25 минути, вашиот мозок влегува во длабока фаза која се нарекува фаза 3.

Токму будењето од оваа фаза доведува до нелагодност и чувство на малаксаност и нервоза. Научниците утврдиле дека спиењето до 25 минути нема да остави никакви последици, но доколку одлучите да спиете повеќе од 25 минути, тогаш мора да спиете барем 90 минути со цел вашето тело да се навикне на третата фаза. Доколку се разбудите по 60 минути или било кога пред тие 90, вашето тело нагло ќе излезе од третата фаза која само што започнала и поради тоа ќе се чувствувате нервозни и уморни.

Затоа, доколку сакате краток одмор, навијте го вашиот аларм да ве разбуди за 20 минути и разбудете се освежени и спремни да ги издржите сите задачи во текот на преостанатиот ден.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk