"The White Collection" се чува во строга тајност: Автомобилска колекција каква што не сте виделе досега

Супермен

08/11/2018

14:14

2.843

Големина на фонт

а а а

Таканаречената "White Collection" (Бела колекција) на автомобилите од марката Porsche која се наоѓа на тајна локација, поради својата содржина но и комплетниот дизајн на ентериерот изгледа потполно нереално.

Обожавателите на Porsche, но и сите останати вљубеници во автомобилите веројатно би останале без зборови пред една ваква глетка - не само што на едно место се наоѓа голема колекција на модели од сите епохи на овој германски производител, туку и сите 65 изложени автомобили се обоени во бела боја. 

За ефектот да биде целосен, целата внатрешност на зградата во која се наоѓаат возилата е исто така бела.


Сопственикот на колекцијата сакал да остане анонимен, а не е позната ни локацијата на објектот во кој се чуваат овие специфични возила, освен што веројатно станува збор за Соединетите Американски Држави.

Што се однесува до изложените експонати, тука се автомобилите од сите генерации, а доминираат моделите 911. Помеѓу главните атракции се белото Porsche 959, хиперавтомобилот 918 Spyder, Carrera GT, но и неколку модели на Porsche 356.

Но, не само автомобилите ја праваат оваа "бела колекција" специфична - на горниот спрат од овој објект се сместени разни историски предмети кои се поврзани со Porsche како и оригиналната документација на автомобилите.


Во музејски услови се чуваат и оригиналните промотивни постери, како и разни акцесоари како облека и патни торби со знакот на овој автомобилски бренд, а тука е и библиотеката со книги за Porsche.

Погледнете го видеото за овој единствен музеј кое е снимено од страна на "Porsche Club of America":


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk