Горан Попов: Патувањата со тимот се повеќе од забавни

Точка

12/11/2018

11:38

2.183

Големина на фонт

а а а

Со одиграни преку 70 натпревари за Вардар и повеќе од 300 во кариерата, 34- годишниот Горан Попов е еден од најдобрите македонски фудбалери кој кариерата ја градел во повеќе странски клубови во Србија, Грција, Холандија, Украина, Англија и последните четири во Вардар.

Тоа подразбира и многу патувања и многу незаборавни моменти кои би можел да ги сподели со читателите на Точка. Не помалку возбудливо е она што се случува надвор од терен, од она што го приредуваат фудбалерите како натпревар. Еве и зошто: 

Кога патувате со тимот, има ли интересни случки во авион? 


- Случки во авион има и тоа премногу интересни. Но, не можам се да ви кажам, ќе треба цела книга да напишеме (се смее). Ќе одвојам една од пред една година, кога бевме на припреми со мојот сегашен тим ФК Вардар. Задоцнивме неколку играчи на аеродром. Автобусот не не чекаше и подоцна мораа да пуштат уште едне автобус специјално за нас, бидејќи целиот тим беше во авион, а ние на аеродром уште седиме и чекаме некој да не викне. 

По кој повод и со кој град те врзува незаборавното патување? 

- Сум патувал многу во животот и на многу места, ама имам едно инзвонредно патување пред четири години кога играв во WBA Premier League. Тоа патување траеше три дена, патувавме во Даблин, Ирска со тимот. Поводот беше Божиќ, како што би рекле Англичаните, Christmas Party. Се подготвувавме отприлика шест месеци. Додека трениравме, се кладевме на тренинзи имавме список со казни и до последен ден парите од казните и од кладењето на тренинзи се собираат и се трошат на Christmas Party. Најинтересниот дел беше кога капитенот на тимот одреди кој играч во што да биде облечен овие три дена. Секој играч во различен костим, па дури и чевли и долна облека, се да биде тоа што тој ќе каже. Јас бев Леопард (се смее), друг во розов костим, трет во ПВЦ костим. Ова патување никогаш нема да го заборавам. 


Секое патување подразбира и нови пријателства? 

- Токму така, секое патување подразбира нови пријателства. Во Даблин не бевме само ние кои славеа Christmas Party, имаше уште неколку тимови од Англија и од Ирска кои во тоа време славеа заедно со нас. Запознав многу други фудбалери од други тимови, доколку не отидев на патувањето тоа немаше да се случи. 

Кој беше првиот впечаток кога пристигнавте таму, за земјата и луѓето? 

- Нема многу да должам за патувањето, бидејќи Ирска , Англија тоа за мене е едно, иста атмосфера, ист карактер на луѓе, сите позитивни, насмеани, не е како кај нас. Ирска е посебна за Новогодишните и Божиќните празници. 

Каков е стандардот во Даблин? 

- Малку поскапо од Македoнија, но нема голема разлика. Во некои работи можам да кажам дека е слично со нашата земја. На пример: супермаркети и ресторанитe, ама затоа пак ќе кажам имате ресторани за богати и ресторани за средна класа. Тоа мсилам дека во денешно време го има во секоја држава за да може народот да опстане. 

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг