Островот на блудот повторно шокира: Во новата реклама ветуваат оргии со 60 девојки и исполнување на сите фантазии

Точка

13/11/2018

11:38

13.743

Големина на фонт

а а а

Објавено е новото промотивно видео кое прикажува што можат да очекуваат туристите кои ќе се одлучат да ја посетат четиридневната забава наречена "Sex Island Holiday".

Најавата за оваа забава минатата година предизвика големи контроверзии, а многумина повикаа и на апсење на учесниците на забавата која ќе се одржи идниот месец на непозната локација во карипска земја. 

Организаторите ветуваат оргии со 60 проститутки, како и неограничен пристап на дрога, а неодамна тие објавиле видео снимка која го прикажува тоа четиридневно сексуално искуство подетално од претходно.

Петминутното видео прикажува маж кој учествува во еротски активности со девојки на плажа, игра "стриптиз тенис", "свинг одбојка" и учествува во оргијашки голф турнир во кој победникот ги добива сите 60 девојки само за себе на 15 минути.

На снимката се гледа и маж со група жени на кревет, а се гледаат и фотографии од ресторанот во кои гостите можат да јадат од голите тела на девојките. Бројот на достапните влезници за оваа забава е зголемен од 30 на 50, а поради големиот интерес е зголемен и бројот на девојки од 60 на 100.

Втората "Sex Island" забава ќе се одржи од 14-ти до 17-ти декември, а во рекламата е најавено и учество на една светски позната музичка ѕвезда.


Еден од минатогодишните гости открил дека секој посетител може да одбере две девојки со кои ќе го помине овој четиридневен одмор, а тие ќе му ја исполнат секоја сексуална желба. Тој додал и дека дрогите биле потполно достапни, а на секој гостин му бил дозволен еден час со 15 девојки истовремено.

"Тоа ќе биде исполнување на сексуалните фантазии на секој маж, исполнување на неговиот сон. Тоа е искуство кое никогаш нема да го заборави. Островот ќе стане прекрасно место за секс и забава", изјавил гласноговорникот на страницата "Good Girls" и додал дека сите проститутки се здрави и немаат никакви полово преносливи болести.


"Се ќе се одвива на нашиот приватен остров. Уживајте во друштво на 60 прекрасни латино девојки и два диџеја кои ќе пуштаат возбудлива музика, во опкружување во која дрогата е допуштена. Нашите девојки ќе направат да се чувствувате како крал, а доколку имате некоја посебна фантазија, тие ќе го исполнат тоа", стои во најавата од организаторите на оваа забава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг