"Аромата во автомобилот е прекрасна": Кралскиот Aston Martin користи бело вино наместо бензин

Супермен

13/11/2018

12:23

1.702

Големина на фонт

а а а

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, е голем вљубеник во автомобилите. Тој во својата колекција има троцифрен број на возила, но еден посебно се истакнува.

Станува збор за моделот Aston Martin DB6 Volante, кој принцот Чарлс го поседува веќе 50 години, а кој во јавноста стана познат во 2011 година на венчавката на неговиот постар син Вилијам и Кејт Мидлтон. 


Меѓутоа, она што го прави посебен овој автомобил не е фактот што тој е паркиран во кралската гаража, туку тоа што како погонско гориво користи вино.

"Откривме дека може да работи на англиско бело вино. Инженерите на Aston Martin признаа дека автомобилот дури вози подобро и дека е помоќен отколку на бензин. Освен тоа, аромата во автомобилот е прекрасна", изјавил Чарлс за "BBC".


Во меѓувреме, принцот од Велс ја проширил својата колекција со електричниот Jaguar I-Pace во уникатна сина нијанса.

Кралското семејство пред се' поседува автомобили од британските брендови како Land Rover и Bentley, но често возат модели од марката Audi, па така војвотката од Кембриџ има A3, принцот Хари вози S3, а некогаш поседувал и RS6.


Кралицата Елизабета се вози во блиндирано Bentley на биогориво кое вреди 10 милиони фунти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk