Викторија Лоба: Новиот сингл носи освежување на музичката естрада, во сосем нов музички правец

Точка

13/11/2018

14:35

3.876

Големина на фонт

а а а

Викторија Лоба ја освежи македонската музичка естрада со нов сингл. Станува збор за песна која претставува нова инспирација за Лоба и отвора нови простори за имплементација на модерниот звук и светските трендови кај нас.

Новиот сингл „Над небото“ на македонски и „Feel It“ на англиски јазик е сосема нов музички правец таканаречен „Deep House“.

Лоба: Така е, „Deep House“ како музички правец моментално не е застапен на нашата музичка естрада, додека во светот долги години е тренд звук кој постојано доживува успех. Тотално се пронајдов во овој правец на музика, така и решивме „Над небото“ и другите песни кои наскоро ќе ги чуете да бидат во тој правец.


Ќе ги работиме на македонски и на англиски јазик, за да ја придобиеме публиката и надвор од нашата држава. Сакам светот да чуе дека и кај нас се создава ултра модерен звук и можеме да се носиме со странските артисти. 

Зошто го одбра островот Санторини во Грција за дестинација за снимање на спотот?

Лоба: Првиот пат кога го посетив Санторини се вљубив во него и секако мислам дека не можело да се одбере подобра локација, конкретно за оваа песна. Пејзажите, магичното небо ја доловија емоцијата на музиката, со локација на „Buddha-Bar Beach“ барот, во сопственост на луксузниот хотел „La Maltese Estate Santorini“. Видеата комплетно се изработени од Дарко Митев, а бев облечена во креациите на модниот дизајнер Папаз. 

Marga Sol и Darles Flow се едни од твоите соработници, како започна соработката со нив?

Лоба: Со Марга се знаеме многу години наназад, таа е скромна девојка која е тотално посветена на музиката и она што го работи. Јас и понудив да пробаме да направиме нешто поразлично, светско и таа прифати па така се роди „Над небото“.  

Наскоро се очекува објава на албумот со работен наслов Нов Свет?

Лоба: „Нов свет“ е работен наслов на албумот крстен по моја авторска песна и веројатно ќе го задржи тоа име. Албумот ќе го пласираме во декември на македонски јазик, во исто време ќе излезе и вториот албум на англиски јазик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг