Роналдо и Џорџина присуствуваа на натпреварот на Ѓоковиќ, а потоа се почестиле со вино од 30.000 евра

Супермен

15/11/2018

15:03

2.582

Големина на фонт

а а а

За време на кратката пауза за време на финалето на ATP во Лондон, Роналдо и неговата партнерка Џорџина одлучиле да пробаат скапоцено вино во еден ексклузивен ресторан во Мејфеар.

Роналдо слободното време одлучи да го помине во Лондон со својата партнерка Џорџина Родригез и беа дел од публиката која го следеше и бодреше Новак Ѓоковиќ.


На една од паузите го посетиле еден од познатите ресторани во Мејфеар и се почестиле со две шишиња скапоцено вино. Тие исто така престојувале во хотел во кој една ноќ чини 10.000 евра, па ѕвездата на Јувентус на овој начин покажа дека најважен му е комфорот отколку цената.


Парот исто така ја посети Операта, односно тоа билo изненадување на Роналдо за Џорџина која е долгогодишна љубителка на балет. Таа за овој гест му се заблагодари по пат на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk