Sony наскоро ќе претстави контролер за PlayStation со екран чувствителен на допир?

Точка

15/11/2018

16:29

1.562

Големина на фонт

а а а

Компанијата Sony минатата година предаде документи за патент кој се однесува на контролер наменет за гејминг конзолата PlayStation кој што поседува екран чувствителен на допир.

Постоечките PlayStation контролери имаат централно копче чувствително на допир кое што им овозможува на корисниците да користат мени и да вршат други активности преку интерфејс базиран на допир, а истото централно копче им овозможува на гејмерите да пристапат до поголема количина на информации, како што е на пример статистиката.

Сега се поставува прашањето каква содржина би можела да се прикажува на екраните чувствителни на допир, а се претпоставува дека тоа би можело да бидат информации за играта кои што инаку се прикажуваат во “Heads-Up” секцијата на главниот екран.


Новиот контролер на екранот би можел да понуди сосема нов интерфејс за информациите на конзолата, како и можност за делење на стрим или одговарање на повици и барања за пријателство.

Интересно е тоа што Nintendo неодамна имаше експеримент со сличен контролер кој што доживеа неуспех, а тоа беше исправено со лансирањето на конзолата Switch која што стана вистински хит со над 20 милиони продадени примероци.


Контролерот со екран на Sony засега е само патент, но постои шанса да се најде во пакет со следната генерација на конзолата PlayStation која што би требала да се појави најрано во 2019-та, а најдоцна во 2021-ва година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг