Што нѐ очекува на саемот за автомобили во Лос Анџелес?

Точка

15/11/2018

17:05

2.696

Големина на фонт

а а а

Од концепти на суперавтомобили до сериски хечбек автомобили – што нѐ очекува на предстојниот саем за автомобили во Лос Анџелес?

Audi E-Tron GT Concept – после бројните гласини, од германскиот производител конечно се огласија, а тизер фотографијата е од пролетта оваа година. Станува збор за купе со четири врати и четири седишта, а за погон е задолжен електричен систем кој развива 600 коњски сили. Автономијата изнесува 500 километри, а разочарувачки е тоа што автомобилот нема да биде достапен до 2020-та година.


Audi R8 – Остар изглед и 620 коњски сили – новиот моќен суперавтомобил на Ауди ќе биде претставен во Лос Анџелес, а продажбата во Европа започнува во првиот квартал од 2019-та година, по што ќе започне и продажбата во САД.


Audi A7 Sportback – Гигантот од Инглоштад би требало да го претстави и овој модел во Лос Анџелес. Се очекува дека под хаубата ќе биде сместен 2,9-литарски твин-турбо V6 со 450 коњски сили кој ќе биде позајмен од Porsche Panamera 4S.


Audi SQ8 – првиот ваков модел беше претставен во јуни оваа година, а повеќе детали Ауди ќе објави на саемот во Лос Анџелес, каде што ќе блесне и примерокот на моделот.


BMW Series 8 Cabriolet – Атрактивниот кабриолет на БМВ од неодамна започна да се произведува во погоните на баварската компанија, а моделот за прв пат ќе блесне токму во Калифорнија.


Покрај тоа, од BMW ќе ја претстават и најмоќната „тројка“, се разбира после моделот со ознаката „М“ – станува збор за моделот М340i кој што од 0 до 100 километри на час забрзува за 4,4 секунди. Баварците исто така на американската сцена ќе се пофалат и со новиот X7 кој што колку и да изгледа големо, сепак е со „просечна“ големина по американските стандарди.


Hyundai Palisade – Корејците исто така ќе ја претстават својата верзија на SUV седмосед. Станува збор за џип кој под хаубата има 3,3-литарски V6, а мала е веројатноста овој модел да биде достапен во Европа.


Jeep Scrambler – Американската компанија веќе ја потврди премиерата на својот нов модел во Калифорнија. Новиот џип е базиран на Wrangler Unlimited, а за погонот ќе биде задолжен 3,6-литарскиот V6 мотор кој што развива 290 коњски сили. На пазарот би требало да се најде на пролет идната година.


Mercedes-Benz GLS – Фантастичниот џип на Мерцедес се очекува исто така да дебитира на саемот за автомобили во Лос Анџелес, а според шпионските фотографии, можеме да очекуваме целосно обновен изглед. Новиот GLS се очекува да биде достапен во AMG верзија, па дури и Maybach.

Од останатите атрактивни модели кои што би требало да бидат претставени на саемот за автомобили во Лос Анџелес, ги издвојуваме: Nissan Maxima, Mazda 3, Lexus LX Inspiration Series, Kia Soul, Porsche 911, Toyota Avalon, Camry TRD и Prius, како и Beetle Final Edition и I.D. Cargo Concept на Volkswagen.



Спонзорирани линкови

Маркетинг