Болничарот Алин Пирс речиси и самиот настрадал додека ги спасувал луѓето од пожарот во градот Парадајс, Калифорнија.
Наместо самиот да се евакуира, како и остатокот од луѓето во градот, тој упорно се враќал низ пламените за да извлече што повеќе луѓе од болницата која била зафатена од пожарот. Неговата приказна ја пренел Џек Никас, новинар на "New York Times".
"Ја имале таа несреќа да бидат заглавени сред пожар. Пламените гореле на сите страни, тој видел како другите автомобили околу него се опожарени и мислел дека тој е следен. Дури снимил и проштална порака за своето семејство", напишал Никас.
За среќа, набрзо се појавил булдожер кој го расчистил патот, но Алин се одлучил уште еднаш да се врати до болницата. Кога пристигнал таму, неговиот автомобил бил изгорен од сите страни, а светлата биле буквално стопени. Но, Пирс не се обѕрнал на тоа туку неуморно работел за да спаси што повеќе повредени луѓе, а благодарение на него и неговите колеги - сите преживеале.
Откако неговата приказна започнала да се шири на социјалните мрежи, се огласила и Тојота.
"Горди сме што го ризикуваше својот живот и автомобилот Тојота Тундра за да ги одведеш луѓето на сигурно. Не грижи се за твојот автомобил, ние сме повеќе од почестени да ти подариме нов", порачале тие.