Конечно е тука: Ова е најгрдиот телефон во историјата на смартфоните!

Супермен

16/11/2018

16:40

3.036

Големина на фонт

а а а

Според мислењето на многу Андроид фанови, една од најлошите работи која можела да земе замав и да стане тренд е "notch" кој прво Apple го претстави кај својот iPhone X модел.

Мала вдлабнатина на врвот од телефонот, во која се сместени бројни сензори, завладеа со дизајнот кај мобилните телефони, но изгледа дека Sharp одлучи цела работа да ја одведе уште понапред во надеж дека и тој ќе успее да создаде нов тренд и го создаде можеби најгрдиот телефон некогаш. 


Станува збор за моделот Aquos R2 Compact кој има не еден туку два "notches" и во различни облици.

Оној на врвот служи за сместување на селфи камерата, додека таа на долниот дел е сместена околу Home копчето.


Кога се спецификациите во прашање, Aquos R2 Compact поседува 5.2 инчен дисплеј, Snapdragon 845 чип сет, 4 GB меморија, 22.6 MP камера и 2.500 mAh камера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk