Васил Зафирчев: Земјата во која ќе се чувствувате како дома

Точка

17/11/2018

12:24

4.465

Големина на фонт

а а а

Земјата каде најголем дел од населението се бизнисмени. После Тајван, во последните 50 години бележи најголем економски раст. Нејзите жители ги нарекуваат Италијаните од Азија поради консумирањето на еспресо во големи количини.

Бидејќи Истокот отсекогаш го привлекувал еден од најдобрите наши актери, Васил Зафирчев, на вас читателите на Точка, ќе ви овозможи преку ова патување и вие да ја запознаете нивната филозофија на живеење, култура и традиција. Пријатно патување во Сеул, Јужна Кореја. 


Колку време се патува во Сеул и како најбрзо да се стигне?

Се патува авионски, со директен лет од Истанбул до Сеул кој трае 11 часа.

На брегот на реката Хан и во подножјето на планина, местоположба која може само да се посака. Кои се предностите и недотатоците на овој град?

Сеул е главен град на Јужна Кореја, сместен во северозападниот дел на државата и има околу 25 милиони жители. Во него живее речиси четвртина од вкупното население на земјата. Градот изобилува со стара традиционална архитектура која датира од 14-от век, но и нова модерна архитектура која на многу автентичен начин ги спојува градителските искуства на Истокот и на Западот. Неверојатно жив и динамичен град кој пулсира со современите текови и трендови на градското живеење. Покрај сите предности во однос на местоположбата со отворен пристап кон море, пријатната умерено континентална клима но и одличната организација на градот, како главен недостаток се појавува токму неговата динамичност, особено во градскиот превоз и собраќај заради која прилично долго се патува од една до друга точка на градот. Затоа во Сеул токму метрото може да биде ваш најдобар пријател за слободно, брзо и непречено движење низ градот.


[Сеул ноќе]


[Во еден од пристанишните ресторани со ТВ ѕвездата Донг Хајеон, театарскиот режисер ЈеунгВоо Сон и композиторот Сашко Костов]

Од какво значење е Јужната престолнина и што друго треба да се види во Сеул?

Јужната престолнина е главната палата во Сеул изградена од династијата Горјео. Но градот има и многу други археолошки и историски знаменитости кои датираат уште од времето на колонијата Баекје, односно од времето на градот Вириесеонг кој се наоѓал на местото на денешниот Сеул и кој бил главна метропола на династијата Чосен. По Јапонската колонизација, а особено по време на Корејската војна голем дел од градот бил разрушен и економски и инфраструктурно. Но благодарение на силната економска политика во текот на 60-тите години на 20-от век градот брзо прераснува во моќен и развиен мегаполис во кој модерните облакодери, технолошки развиените метроа и поп-културата се спојуваат со будистичките храмови, старите палати и уличните пазари. Покрај Јужната престолнина, неверојатно атрактивни за посета се и футуристичката Донгдаемун палата, конвенционална сала со заоблена архитектура и кровни паркови, Гиеонгбокгунг палата која некогаш имала дури 7000 соби, како и храмот Јогиесa. Тука се секако и Националниот музеј на Кореја и Воениот Меморијален Центар посветени на историјата и уметноста на земјата.


[Со директорите на фестивалот „СТ-Бомб“]

Со што се занимава населението од што егзистира, каков е стандардот, плати, цени?

Јужна Кореја е единствена земја, покрај Тајван, која во последните 50 години бележи економски раст од 5 проценти. Таа е и еден од најголемите извозници на светот. Сеул е 6-ти водечки град на глобално ниво, четврт по економски успех и седми самоодржлив град во светот. Најголем дел од населението се занимива со бизнис, индустрија и трговија. Најчесто се суперзафатени и работат до доцна во ноќта. Животниот стандард е стабилно висок, па затоа и платите и цените на пазарот се високи. Сеул има и најбрза интернет врска во светот и најголем процент на луѓе кои поседуваат паметен телефон. Сеул и Јужна Кореја диктираат многу процеси на свтескиот пазар, од автомобили, техничка опрема и паметни телефони, па се до поп-култура и најсовремени лекови во фармацијата.

Што е она што за наш менталитет би било чудно, а за нив вообичаено? Каков систем на вредности негуваат?

Во Сеул ќе се чувствувате како дома по една работа. Кафетерии има насекаде, најчесто една до друга. Затоа и ги нарекуваат Корејците Италијаните од Азија, бидејќи пијат еспресо во големи количини. Но, затоа пак пушењето е забрането во сите јавни објекти. Корејците се експресивни, импулсивни и емотивни. На некој начин, отргнувајќи се од Конфучиевите идеали на хиреархија и должност, станале енергични и слободни, па затоа се разликуваат од Кинезите и Јапонците. И покрај слободата во која уживаат, цензурата е присутна особено во однос на интернет пистапот до одредени содржини, порнографијата и коцкањето.

Што може да се научи од нив?

Од Корејците може да се научат многу работи, особено во однос на јавниот ред и дисциплина, работливоста, посвестеноста и високиот степен на одговорност. Но она што мене најмногу ме фасцинираше е токму нивната високо развиена национална самосвест за тоа кои се и што значат.


[Вкусот на Јужна Кореја во мојот дом]

Каков е односот кон уметноста?

Третманот на културата и уметноста е високо развиен, национално поддржан и систематски организиран. Покрај суптилниот и рафиниран однос кон традиционалните форми на уметност, Корејците се и иноватори во однос на промоцијата и развојот на најсовремените текови и трендови на културата и уметноста. Заради тоа се водечки на светскиот пазар на поп-културата, особено во делот на поп-музиката, филмот и телевизиските драми.

Потребно ли е цело богатсво за како турист да се посети Сеул?

Не е потрено цело богатство, но неопходен е прилично добар буџет, од кој поголем дел е наменет токму на трошоците за виза, патување и сместување во Јужна Кореја.

Зборови кои ги научи?

Корејскиот јазик и писмо за нас се прилично тешки и комплицирани. Но затоа пак доколку добро се служите со англискиот јазик нема да имате никаков проблем во комуникацијата.

Искуство кое го понесе?

Истокот одсекогаш ме привелкувал, особено со својата култура и традиција, но и со нивниот филозофски поглед на животот и светот воопшто. Иако поводот за мојата посета на Сеул беше пред се професионален, заради настап со претставата „Шумата на моето дрво“ на Интернационалниот фестивал на експериментален театар „СТ-Бомб“, сепак посетата на Јужна Кореја е едно од моите најубави професионални патувања со и во име на театарот.


[Официјален билборд во Сеул за претставата „Шумата на моето дрво“]

Традиционална храна, пијалок? Ти се допадна?

Корејците се луди за храна. Уличната храна им е одлична. Кујната им е полна вкусови, од луто до горчливо, од слатко до кисело. Извонредно балансирана комбинација на свежи намирници и зачини. Интересно е што Сеул има најголема концентрација на ресторани по глава на жител. Ми се допадна се што пробав, од жива риба сечена со специјални сечива во соја дипинг сос, спринг ролс со морски алги, преку традиционалното кимчи, оризовата ракија сонџун и прекрасните лути колачиња од ориз.


[Традиционалната корејска скара. Месото се пече на решетката пред вас, на самата маса]

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг