Развој на модерната технологија: Со мислите ќе може да се контролира телевизорот!

Супермен

19/11/2018

11:51

894

Големина на фонт

а а а

Главната цел на најновото истражување е да им се олесне животот на лица со некаков хендикеп. Колку пати сте ја превртеле куќата барајќи го далечинскиот управувач од телевизорот или Ве мрзело да станете и да го промените каналот поради некоја досадна емисија?

Овие и слични проблеми во блиска иднина ќе станат минато откако започнаа истражувањата за развој на телевизорот кој луѓето ќе можат да го контролираат со помош на нивните мисли. 

Претставен е прототип

Иако на прв поглед изгледа како сценарио за некој научнофантастичен филм, станува збор за можна реалност, сметаат научниците. Јужнокорејскиот "Samsung" во соработка со Центарот за неуропротетика на Федералниот технолошки институт во Лозани покрена проект "Понтијус", чија цел е воспоставување на врската помеѓу телевизорот и мозокот на човекот. Замислата е телевизорите во иднина да бидат управувани со мислите на хендикепираните лица.


"Сакаме да им помогнеме на луѓето кои се неподвижни или имаат некое ограничување во можноста за движење. Работиме на развој на технологија која е многу комплексна и интелигентна, но не смееме да заборавиме дека таа мора да се поврзе со луѓето", рекол Рикардо Чаваријага.

Надоградба на системот

Системот користи Брејн компјутер интерфејс BCI, за да се оствари врска помеѓу гледачот и телевизорот. BCI е составен од сет за глава, кој изгледа како кацига со 64 сензори. Научниците ги проучуваат промените во мозокот кои настануваат кога гледачот сака да го промени каналот за да се утврди вообичаен образец на однесување. Планот е системот во иднина да детектира промени и да реагира. На гледачите потоа би им била понудена содржина на основа на претходни искуства. Системот ќе биде отворен за надоградба и развој со цел на телевизорот да не се врти една иста програма.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk