Раперот скршен после смртта на поранешната девојка: "Не знам што ќе правам без тебе. Бевме повеќе од сродни души"

Точка

19/11/2018

14:41

2.746

Големина на фонт

а а а

Познатиот рапер по прв пат се огласи на социјалните мрежи откако поранешната девојка и мајката на неговите деца беше пронајдена мртва во својот стан.

Поранешната девојка на раперот Пи Диди, Ким Портер е пронајдена мртва во својот стан во Лос Анџелес, откако доживеа срцев удар. 

Раперот и Ким биле во врска од 1994 до 2007 година со постојани раскинувања. Заедно ги растеле своите три деца, како и синот Квисни, кој Ким го добила од претходната врска.

Диди досега не се огласувал по повод овие трагични вести, но одлучи да ги сподели своите сеќавања од минатото на социјалните мрежи.

Семејната фотографија на која Ким и Диди позираат со децата, а Диди напиша:

"Ќе го воспитувам семејството онака како што ме научи ти. Ќе те сакам засекогаш. Не можам да поверувам во ова с**ње!".

Диди додаде уште неколку фотографии од Ким под кои напиша: "Не можам да опишам со зборови. Засекогаш!!! Бескрајно и повеќе од тоа!".

Диди исто така објави видео, на кое се гледаат инсерти од нивните заеднички моменти, односно од фотосесијата кога Ким била бремена.

"Последните три дена се обидувам да се разбудам од овој кошмар. Но, не успеав. Не знам што ќе правам без тебе. Многу ми недостигаш. Денес ќе ти оддадам чест и ќе се обидам да ја објаснам нашата нераскинлива поврзаност. Бевме повеќе од најдобри пријатели, повеќе од сродни души. Бевме нешто друго...Многу ми недостигаш".



Спонзорирани линкови

Маркетинг