Lamborghini Urus ST-X: Супер SUV создаден да владее со патеките

Супермен

19/11/2018

15:38

1.206

Големина на фонт

а а а

Одделот на Lamborghini, Squadra Corse е многу активен во последно време, а истиот неодамна ја претстави тркачката верзија на својот SUV Urus, а тоа е Urus ST-X Concept.

Возилото е наменето исклучиво за тркачките патеки, а од продукциската верзија се разликува по подобрите перформанси, мат зелената боја и безбедносните елементи кои се одобрени од страна на Светската автомобилска федерација, вклучувајќи и челичен заштитен кафез, противпожарен систем и FT3 резервоар за гориво. 


Овој моќен SUV има хауба од јаглеродни влакна и поголеми доводи за воздух за лесно ладење на twin-turbo V8 моторот. Моќта е иста – 650 коњски сили и 850 Nm, но ST-X Concept е 25% полесен од производната верзија на Urus.

Тука се и задното крило, хексаголниот тркачки ауспух и сет од 21-инчни алуминиумски тркала со гуми Pirelli.

Тркачката верзија на Urus не е само за покажување бидејќи компанијата ќе го користи во првенството на еден произведувач. Овој натпревар ќе дебитира во Европа и на Блискиот исток во 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk