Скандал го тресе кралското семејство: Јатрвите не можат да се гледаат во очи: Меган и Хари се селат од палатата, не сакаат да живеат покрај Кејт и Вилијам

Точка

19/11/2018

15:19

4.882

Големина на фонт

а а а

Скандал го тресе кралското семејство. Имено, како што пренесуваат медиумите, Меган Маркл и принцот Хари одлучиле да ја напуштат Кенсингтонската палата, бидејќи не сакаат да живеат во близина на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Имено, Меган и принцот Хари живеат во двособен стан во Кенсингонската палата, додека еден дел се реновира за овој кралски брачен пар да добие поголем животен простор. 

Меган и Хари наскоро би требало да се преселат во Апартманот 1, поточно во делот од палатата која има дури 21 соба и во чие реновирање се вложени 1,6 милиони долари. Доколку се преселат ќе станат први соседи со Кејт и Вилијам, кои живеат во апартманот 1А.

Меѓутоа, англиските медиуми пишуваат дека Меган и Хари сакаат поголем дом поради приновата која ја очекуваат, но дека не сакаат во Апартман 1 поради тоа што не сакаат први соседи да им бидат Кејт и Вилијам, што ги зголемило шпекулациите за лошиот однос меѓу Кејт и Меган.

"Наскоро принцовите ќе имаат одвоени работи и одвоени животи. Зошто мора да живеат во Кенсингонската палата? Имаат толку други опции и пари да купат куќа во Лондон", рекол изворот близок на кралското семејство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг