„Девојката од милион долари“ првпат се појави со својот сопруг на црвениот тепих

Точка

19/11/2018

16:44

2.805

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка, Хилари Свонк (44) пред три месеци се омажи за бизнисменот Филип Шнајдер (45), со кој се појави на црвениот тепих, на настанот „Governors Awards“.

Хилари, која е најпозната по својата улога во филмот „Девојка од милион долари“, носела долга златна топ тоалета, со која ја истакнала совршената фигура.

Парот се венчал во август, во интимната церемонија во Калифорнија, а сето тоа било испланирано според таткото на Хилари, кој не може да лета со авион и да патува далеку, поради трансплантацијата на белите дробови, од пред три години.


Актерката токму поради ова паузирала од актерската кариера, на три години, за да биде покрај татка си до неговото закрепнување.

Хилари и Филип својата врска ја започнале во 2016-та година, шест месеци откако актерката ја прекинала врската со тенисерот Рубен Торес.


Таа тогаш рекла дека Филип го запознала на состанок на „слепо“, кој го наместил нивни заеднички пријател.

Холивудската актерка била во брак со Чед Лоу од 1997-ма до крајот на 2015-та година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг