Сензационално откритие: "Google Earth" снимил мистериозен ѕид на дното на океанот кој ја окружува целата планета! Никој не знае кој го изградил

Точка

19/11/2018

17:46

6.508

Големина на фонт

а а а

"Google Earth" снимил делови од подводен ѕид кој се простира по дното на Тихиот и Атлантскиот океан и ја окружува нашата планета.

Истражувачите тврдат дека овој подводен ѕид е подолг од 10.000 километри, а најјасно се гледа во близина кај брегот на мексиканската сојузна држава Долна Калифорнија. 

Координатите се 12°8’1.5″N, 119°35’26.4″W. Исто така, велат дека ова не е природен феномен, туку дело на рака - или од човечка, или од некој друг напреден вид.

Пред неколку години едно момче кај брегот на Мексико забележало пирамидална структура. Иако на почетокот се мислело дека тоа е мајанска пирамида, набрзо се појавиле тврдења дека ја изградила цивилизација која живеела пред Маите.

Скептиците велат дека треба да се биде внимателен, бидејќи теоретичарите на заговори и НЛО ентузијасти често на снимки од "Google Earth" наоѓаат докази за своите убедувања.




Спонзорирани линкови

Маркетинг