Бербатов со јасна порака до Јунајтед: Тие имаат пари, мора да донесат…

Дерби

19/11/2018

18:34

1.982

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед и во тековната сезона бележи многу променливи резултати и е далеку од посакувата цел, квалитетна, атрактивна игра и напад на трофеите во најзначајните натпреварувања.

Поради ова се очекува реакција на „црвените ѓаволи“ во зимскиот преоден рок, односно да му се исполнат желбите на Жозе Мурињо што не беше случај во летниот преоден рок. Според некогашниот ас на Јунајтед, Димитар Бербатов клубот не смее да потврди на зима и мора да му го даде на Жозе тоа што ќе го побара или во случајов според него тоа се централни дефанзивци.

-Тие мора да ја засилат одбраната особено со централни дефанзивци, еден или два. На секоја друга позиција имаат неколку квалитетни играчи и се што им треба, па само одбраната треба да се зајакне. Се надевам ќе можат да најдат еден или двајца, а потоа треба да бидат во ред. Ќе биде уште потешко во зимскиот преоден рок отколку во летото да се дојде до играчи за Мурињо, но би требало да доведе барем едно име кое го посакува. Значи, ако има некој што сака да го донесе, раководството треба да го послуша затоа што клубов во моментов не е соврешен и не се во позицијата во која сакаат да бидат. Мора тоа да го поправат и ако тоа значи да се донесе еден или двајца луѓе, тоа не треба да биде проблем. Не е дека на Јунајтед му фалат пари, -порача Бербатов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг